Кој ќе се огреши кон физичкиот свет, бива казнет физички.

Кој ќе се огреши кон моралниот свет, бива казнет и физички и морално.

Кој ќе се огреши кон духовниот свет, бива казнет физички, морално и духовно.

Така: кој фрла прашина спроти ветрот, прашината му се враќа во очите.

Кој погрешно се заколне, ќе претрпи темнина и ќе доживее презир од своите синови.

А кој се исмева со Бога и Неговите свети ангели, бива тепан со најострите телесни и морални камшици и својот живот ќе го заврши со злосторство или помрачување на умот. (најголемите и најопседнатите атеисти како Лукрециј, Мопасан и Ниче, завршиле со лудило)

Единствено што човекот може да го спаси од казната за гревот е
покајанието!

(Владика Николај Велимировиќ)

Претходна статијаДа се имаат истите мисли што ги има Исус Христос! (кратка поука)
Следна статијаГазени како земјата, а блажени ! (кратка поука)