КЛИТОС ЈОАНИДИС: СВЕДОШТВА И ИСКУСТВА
В. Еднаш, отиде на Оропо една група „анархисти”, co моторцикли што ги оставија надвор од манастирот, на некое растојание, и на место каде што не можеа да се видат.
Отидоа до келијата на старецот Порфириј и без да го запазат редот влегоа внатре. Еден од нив се сврте кон старецот и му рече:
„Отец, кажи ни нешто”, а старецот:
„Што да ти кажам, Димитриј? Дека моторот ти е марка таа и таа?”
Преку ова откривање на името и на марката на моторот, Димитриј и неговите пријатели стекнаа доверба во старецот и го посетуваа, имајќи полза од неговото присуство и од неговите совети.
А старецот му рече на П. П. за овие „бунтовници”: „Овие деца се најчистите и најнекористољубивите души од сите што ме посетуваат”.
Г. Најпосле, преку посредување на П. П. го запознавме неговиот пријател, адвокат од Атина, кој се познаваше co старецот Порфириј и често контактираше co него во период од околу десет години.
Кога го побаравме и неговото сведоштво, благоволи да ни го даде во ракопис, во форма на писмо, co датум од 4.11.1992 г, каде што накратко е резимирано следново негово искуство:
„Bo текот на тие десетина години покрај старецот Порфириј бев апсолутно убеден дека што и да правев, дури што и да мислев, тоа го знаеше мојот старец. Истото чувство го имам и сега, по неговото упокојување”.
И продолжува во писмото:
„На нашата прва средба, додека на другите посетители им даде благослов и тие си отидоа, мене ме задржа покрај него околу 45 минути и ми постави многу прашања за мојата работа и за мојот живот воопшто.
Од оваа средба ќе ми останат незаборавни три работи. Првата, духовниот квалитет, и една необјаснива, за првпат доживувана радост што ja чувствував од моментот кога се најдов пред него; една радост, еден полет, што го имав само уште еднаш дотогаш почувствувано, кога го посетив и се поклонив на Светиот Гроб во Ерусалим.
Втора работа, тоа што во сеќавањето ми врати случки yштe од моите детски години, што ги имав потполно заборавено. И трета, дека кога му ја бакнав раката заминувајќи си, ми ги зеде и двете раце и бакнувајќи ги ми рече дека му е многу драго и дека оваа наша средба е волја Божја.”
„Ha многуте средби и долгите и долгите наши разговори што следеа се’ до неговото упокојување ceкогаш ja чувствував истата духовна радост и бев алсолутно убеден дека има Божја благодат, дека ме гледа и ми посведочува за се’ што се однесува на мене, каде и да се наоѓам на земјата.
„Од многубројните потврди на ова ќе ги наведам следниве:
Го посетив пред околу седум години во неговата келија, при крајот на јануари и му реков:
– Старче, извинете што не дојдов да Ви честитам за празниците, бев во Лондон на едно сериозно судење.
Се замисли малку и ме праша:
– Осигурителното друштво не го плаќа бродот што потона?
Навистина, тоа беше судскиот процес во Лондон, за што никогаш пред тоа не му бев зборувал. На една друга наша средба, откако ме праша за мојата клиентка, co којашто го имав пред тоа запознаено, ми вели:
– Конечно, го најдовте сефот?
Се изненадив и го прашав:
– Be посети или Ви телефонираше госпоѓата клиентка?
А одговорот беше:
– Зошто? Има ли потреба таа да ми го каже тоа? He знаеш ли, бре, благословен, дека кога ќе посакам да те видам и на крајот на земјата да се наоѓаш те гледам што правиш?
Кога стигнав дома како неверен Тома и се јавив на клиентката и ја прашав дали контактирала co старецот Порфириј во текот на испитувањето што го правевме во врска co вградениот сеф во една соба на починатиот нејзин сопруг, каде што беа сите ѕидови покриени co ламперија, а таа ми одговори дека немала никаков контакт co него.
И последно: беше февруари или март 1988 г., 1.30 no полноќ, a jac во мојата работна соба имав распрострено многу документи и разгледував еден навистина чувствителен и мошне сериозен мој личен проблем.
Ѕвони телефонот. Беше старецот Порфириј:
– Прости што ти се јавувам во ова време – ми вели – но те гледам како се задушуваш во документите и како си многу загрижен.
– Старче – му одговарам – ти благодарам што ми се јави. Но како да не сум загрижен, кога покрај финансиските проблеми во прашање е и мојата морална позиција?
А тој ми вели:
– Смири се и не грижи се, зашто ќе си го уништиш здравјето. Co сите тие документи ќе се изнамачиш, но на крајот се’ ќе биде добро.
Навистина, криминалниот дел на оваа моја болна перипетија заврши во февруари 1992 r., пo ослободителните решенија на сите степени од правната процедура.
„Ова мое писмо го составив по молба на неговото духовно чедо и мој пријател П. П, co надеж дека старецот Порфириј ќе ми го прости овој мој чин, во тоа што не ja запазивме неговата желба да не зборуваме за него”.
Овде треба да додадеме – верувам дека нема да преминеме преку желбата на авторот – дека старецот Порфириј му имаше предвреме кажано за исходот на болеста што му се случи, како и за операцијата што следеше…