Свети Јован Златоуст во евангелските беседи не учи на следното:

Покајанието не се состои само во тоа човекот да се откаже од поранешните зли дела, туку да покаже уште поголеми добри дела, зашто е речено:

„Родете плодови достојни на покајаниоето“

Како тоа ќе го направиме?

Ако почнеме да правиме дела спротивни на гревот.

Дали си крадел туѓо? Раздај го и опљачканото и своето.

Дали долго време си блудничел? Воздржувај се од својата жена во одредени денови навикнувајќи се на умереност.

Дали некому си досадувал или некого си тепал? Благословувај ги во иднина оние кои ти досадуваат и прави им добро на оние кои те навредуваат.

Зашто, за нашето здравје не е доволно само стрелата да се извлече, туку на раната потребно е мелем да се стави.

Дали си се насладувал и си пиел порано?

Пости и пиј вода за да се избавиш од штетата која ти се случила заради пијанството.

Дали со блудни очи си ја гледал туѓата убавина?

Немој после ова воопшто да го гледаш лицето на жените, усрдно чувајќи се после здобиените рани…“

Претходна статијаСамо со малку солзи и пост вeруваме дека се` ни е простено…?!
Следна статијаПОГЛЕД КОН СРЦЕТО!