Да се трудиме да го шириме наоколу нашето добро расположение

Да имаме љубов, кротост, мир. Така му помагаме на нашиот ближен кога е обземен од злото. Примерот тајно испраќа зраци, не само кога е другиот присутен, туку и кога е отсутен.

Да се трудиме да го шириме наоколу нашето добро расположение. Дури и кога зборуваме за животот на другиот, не одобрувајќи го, тој тоа го разбира, па така го отфрламе од себе. А ако сме милостиви и му простуваме, тогаш тоа влијае на него, иако не не’ гледа, исто како што и злото влијае на него.

Да не се гневиме на оние што хулат и на оние кои се антибожци, гонители итн. Разгневувањето прави зло.

Да ги мразиме нивните зборови и нивната злоба, но човекот што тоа го кажал да не го мразиме, ниту да се гневиме на него, туку да се молиме за него. Христијанинот има љубов и е учтив, па се однесува соодветно на тоа.

Како што некој подвижник, без никој да го гледа, е полезен за светот, бидејќи бранот од неговата молитва му влијае на другиот и Го пренесува Светиот Дух во светот, така и вие ширете ја вашата љубов, без да очекувате возвраќање.

Однесувајте се co љубов, трпение и насмевка…

Љубовта треба да е целосна, а само Божјата љубов е целосна и совршена. На онаа личност којашто не заморува и ни создава тешкотии треба да и’ ја принесуваме љубовта на благ, ненасилен начин, без другиот да забележи дека вложуваме труд да го возљубиме.

И да не се истакнуваме многу надворешно, зашто тогаш го тераме да се револтира. Молчењето спасува од сите зла. Воздржувањето на јазикот е големо нешто! Ha таинствен начин, молчењето му испраќа зраци на ближниот. Да ви раскажам една случка.

Една монахиња, којашто многу сакаше да има ред и поредок, разгневена му рекла на старецот:

– Монахињата Н. ни прави хаос во манастирот co нејзиниот карактер и co тешкотиите што ги предизвикува. He можеме да ja трпиме.

А старецот и’ одговорил:

– Ти си полоша од неа.

Монахињата прво изреагирала и се запрепастила, но пo објаснувањето од старецот сфатила и многу му заблагодарила. Старецот и’ рекол:

– Злиот дух владее co неа и таа се однесува лошо, но владее и co тебе, којашто наводно си во подобра состојба, па така тој си игра и co двете.

Сестрата доаѓа во таа состојба без да го сака тоа, но и ти го правиш истото co твојата реакција и co недостатокот на љубов.

Така нејзе не и’ помагаш, a себеси си штетиш.

Пренесено од книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит

Подготви М. Даниловска

Претходна статијаОставете го оној што има поинакво мислење да се искали, да зборува, да каже…
Следна статијаЗошто, заради што си отфрлен? (Св. Игнатиј Брјанчанинов)