БЕСРАМНОСТА ЈА ИЗГОНУВА БОЖЕСТВЕНАТА БЛАГОДАТ

Да бидеме внимателни. Неуредното и невнимателно однесување е препрека за божествената благодат.

Недостатокот на почитување е најголема препрека за приближување на Божјата благодат. Колќу повеќе почитување имаат децата кон родителите, учителите, воопшто кон постарите, толку повеќе примаат Божја благодат.

Колку повеќе се непокорни, толку повеке се оддалечува Божјата благодат. Слободата од овој свет ја изгони не само побожноста, туку и вообичаената пристојност.

Во ќелијата ми дојдоа некои момчиња. Наеднаш слушнав како му велат на својот татко:

„Еј, тато, имаш ли цигари? Јас ги испушив своите”.

А каде можеше да го чуеш тоа некогаш? Кога е млад и пушеше, тоа го правеше кришум. Сега тоа како да е ништо! Како после тоа да не останат целосно без Божјата благодат?

Денес некои девојки ги навредуваат своите побожни браќа пред таткото и пред мајката, и тоа со гнасни зборови, а родителите ништо не им велат. Косата ми се крена кога го слушнав тоа. Мрморев кога останав сам.

Светското окружување и родителите со светско настроение ги уништуваат децата.

Окружувањето има големо влијание. Малку се младите кои се срамежливи и трудољубиви. Повеќето од младите се распуштени /и нескротени/, затоа што се однесуваат дрско.

Многу родителите ми ги носат своите деца и ми велат: „Оче, моето дете е опседнато од демонот!” А гледам дека не е – Бог да чува! Малку се оние деца што се опседнати од демонот. Повеќето се под надворешно демонско влијание.

Односно, демонот им командува однадвор; не е во нив, но и однадвор завршува работа. Од каде почнува тоа? Од бесрамноста.

Кога децата им се обраќаат на постарите бесрамно ја бркаат Божјата благодат. А кога ќе отстапи Божјата благодат, ѓаволчињата доаѓаат, па децата беснеат и расфрлаат /растураат/ се’.

Но децата кои се побожни, кои имаат почитување кон ближните, кои ги слушаат своите родители, учители, постарите, непрестајно ја добиваат Божјата благодат и Божјиот благослов е над нив. Божјата благодат ги покрива.

Силното чувство на побожност, заедно со големото почитување кон постарите, во душата донесува изобилство на божествена благодат; благодатта ги милува таквите души се’ додека нивниот божествен отсјај не ги открие на другите.

Божјата благодат не доаѓа на бунтовниците; ги посетува трудољубивите, разумните, побожните деца. А тие побожни деца, кои во себе имаат почитување, се препознаваат. Нивниот поглед зрачи!

И колку повеќе почитување имаат кон родителите, кон постарите, толку повеќе примаат Божја благодат. Колку повеке се непокорни, толку повеќе се лишени од Божјата благодат.

Оној што бара со услов:

„Не, сакам ова, сакам она”, ќе стане разбојник, ќе стане ѓавол. Зашто и Луцифер сакал својот престол/да го постави повисоко од Божјиот престол.

Гледате, сите оние деца на кои им се исполнуваат желбите, стануваат, на некој начин, разбојници. Ако не се покаат за да се ослободат од тој зол бран што ги потопува, туку продолжуваат да се однесуваат бесрамно, тогаш – Бог да чува! – настанува двојна напуштеност /од Божјата благодат/.

Тогаш веке почнуваат лошо да зборуваат дури и за Бога и целосно потпаѓаат под влијание на злите духови.

Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од старец Пајсиј Светогорец

Подготви: М. Даниловска

Претходна статијаЛично посвоил двесте и педесет деца и сите го нарекуваат „тато“!
Следна статијаГРЕВОТ Е…