ЉУБОВТА БЕЗ РАСУДУВАЊЕ ГИ УПРОПАСТУВА ДЕЦАТА
Забележав дека денешните деца, особено студентите, трпат штета од своите семејства. Иако тоа се добри деца, ce неспособни. He мислат, бесчувствителни се.
Пропаѓаат, родителите ги расипуваат. Бидејќи родителите поминале тешки години, не сакаат на нивните деца да им недостасува нешто. Не ја развиваат трудољубивоста кај своите деца за да се радуваат и во немаштијата. Се разбира, тие го прават тоа co добра намера.
Да им скратуваш нешто на децата, a тие тоа да не го разбираат, рамно е на злочин. Сепак, многу е добро да им се помогне да изградат монашка совест и да се радуваат кога се лишени од нешто.
Ho co својата добрина, co таа своја нерасудлива доброта, родителите ги прават децата неспособни. Ги навикнуваат на тоа се’ да им носат пред нос, дури и вода, само децата да учат и „да не губат време”.
Така ги упропастуваат и момчињата и девојките. После децата, и кога не учат, бараат се’ да им донесат пред нос. И ова зло почнува од мајките.
„Сине, ти само учи. Мама ќе ти донесе чорапи, ќе ти ги измие нозете. Земи колаче, напи се кафе!”
А децата не сфаќаат колку е уморна нивната мајка која им го дава сето тоа, затоа што самите не се трудат. И тогаш почнува: чинии за еднократна употреба, облека за еднократна употреба, јадат пици – а не умеат ни да ги завиткаат во хартија!…
Така стануваат целосно неспособни луѓе. Немаат волја ниту да живеат. Ќе им се одврзе чевелот, ќе речат:
„Мамо, врзи ми го чевелот!” Во меѓувреме го фрлаат! Каков напредок можеш да очекуваш од такви деца?
He ce ниту за брак, ниту за монаштво.
Затоа им велам на мајките:
„He оставајте ги децата да учат по цел ден. Учат – учат и целосно ќе се зашеметат. Нека направат пауза петнаесет минути, половина час, за да сработат нешто и во куќата, така е нормално”.
Овие лоши навики на денешната младина се пренесуваат и на монаштвото. Така, по манастирите можете да забележите дека, покрај стариот секретар, има уште седуммина и сите се млади и образовани.
Некогаш постоеше само еден секретар, кој немаше завршено повеќе од два класа гимназија и цела та работа ја завршуваше сам. A сега се седуммина и сите се гушат од работа; не можат да ги исполнат ни своите духовни обврски, а уште и стариот им помага!
Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од старец Пајсиј Светогорец (Трета глава: Нова генерација)