Чедо мое, ако внимаваш што ти пишувам, и ако си наложиш себеси подвиг ќе имаш голема полза.

Сè што ти се случува ти се случува бидејќи не се присилуваш на молитва.

Значи, присили се!

Постојано кажувај ја молитвата!

Воопшто да не запре твојата уста. Ќе се навикнеш на неа внатре во себе така што потоа ќе ја преземе умот.

Не се ослободувај во внимавањето над помислите, бидејќи ќе станеш млак и ќе се оскверниш.

Молитва, тоа е постојана присилба над нашата природа. Практикувајќи ја ќе видиш колку благодат ќе најдеш.

Животот на човекот, чедо мое, е скрб. Затоа што се состои во туѓинување. Не барај совршен спокој.

Нашиот Христос го подигна Крстот, и ние ќе го подигнеме. Доколку ги истрпиме сите таги ќе добиеме благодат од Господа. Затоа, Господ нè става под искушение, за да ја испита нашата ревност и љубов спрема Него.

Заради тоа е потребно трпение.

Без трпение човекот не станува практичар, не ги осознава духовните нешта, така што не може да ја достигне мерката на добродетелта и совршенството.

Возљуби Го Исуса и кажувај ја непрестајно молитвата и таа ќе ти го просветлува Неговиот пат.“

Старец Јосиф Спилеот

Претходна статијаКој ќе не’ одвои од љубовта кон Христос? (Ава Исаија)
Следна статијаСветото дело сака чисти раце и чисти срца – Св. Григориј Богослов