ПРОТИВ БОГОБОРНОТО И ЦРКВОБОРНО БАЕЊЕ, ГАТАЊЕ, ЈАСНОВИДСТВО

Речиси како пo правило, кај голем дел од луѓето, кои се сметаат себеси за православни христијани, постои двојно верување: веруваат во Бог, но исто така, својот живот го раководат според разни суеверија (=празноверија), одат кај бајачи, гатачи, јасновидци, астролози, разни оџи/толкувачи на соништа, гледачи на кафе, грав и зрна, маѓепсници и слични, за да добијат помош од нив.

За да покаже Бог дека тоа не е правилно верување, уште во Стариот Завет им заповедал да ги покорат незнабошците, но да не земаат ништо од нивните предмети – идоли и било кој идол да го отфрлаат од својот дом.

Bo 1. Moj. 31,1 9-35 се вели:

„Тогаш Рахил му ги украде идолите на таткото свој”. Во 1. Moj. 35, 2:

„Исфрлете ги идолите што се кај вас, па исчистете се, и измијте се”.

Ису. 24, 23: „A cera, отфрлете ги туѓите богови, што се во вас, и свртете ги срцата свои кон Господа, Бог Израилев”;

1. Цар. 7,3: „Ако од се’ срце се обрнувате кон Господа, отстранете ги од средината своја туѓите богови и боговите од горичките, расположете го срцето свое кон Господа и Нему единствено служете My и Он ќе ве избави од филистејските раце”

Ho и покрај сите опомени од Бога, сепак народот останувал упорен во тоа двојно верување и тогаш, но и ден денес.

И тука, особено кај луѓето кои се крстени, но не се доволно (или воопшто) воцрковени, т.е. ниту ја знаат, ниту ја практикуваат верата, кај таквите најчесто се појавува овој феномен на двојно верување.

Од една страна ги гледате во црква, се молат, палат свеќи, а од друга, пак, ви кажуваат дека одат кај бајачи, гатачи, веруваат во соништа, амајлии и сето тоа го сметаат како нормален дел од нашата православна вера. Но, ајде да видиме што се вели во Светото Писмо за баењето и гатањето и за останатите наведени окултни феномени.

Bo Стариот Завет многу јасно Бог ни заповедал да не се занимаваме ниту да одиме кај бајачи, гатачи, вражачи, повикувачи на духови на мртви, астролози, маѓепсници и слични на нив, па дури им се заканува и co смртна казна на оние кои го прават сето тоа.

„He одете по оние што повикуваат духови на мртви и до маѓесници не доближувајте се и не дозволувајте да ве осквернат” (3. Мој. 19,31).

“И ако некоја душа тргне по оние што гатаат на животински црева и пo маѓепсници, за да го следат нивното блудство, Јас ќе го свртам лицето Мое против таа душа и ќе ја истребам од народот нејзин” (3. Мој. 20,6).

„Маж или жена, ако извикува духови на мртви, да бидат убиени; co камења да ги убиете, виновни се” (3. Мој. 20, 27).

„Да не се најде пред тебе човек што го тера синот свој или ќерката своја преку оган заради очистување или да претскажува, да гата или како маѓепсник, чародеец, ни гледач на утробата, ниту, пак, што гледа no знаци, ни таков што повикува мртви; зашто, секој што го прави тоа е гнасен пред Господа и токму поради тие гнасотии Господ, твојот Бог, ги изгонува од пред тебе. Биди непорочен пред Господа, твојот Бог; зашто тие народи што ти ги наследуваш, ги слушаат гатачите и претскажувачите, а тоа Господ, твојот Бог, не ти го дал” (5. Мој. 18,10-14).

„Го пренесе преку оган синот свој, гаташе и врачаше; си набави извикувачи на мртви и маѓепсници и изврши многу неугодни работи пред очите на Господа, за да Го разгневи” (4. Цар. 21,6).

„А вие не слушајте ги вашите пророци и вашите бајачи, вашите јасновидци, вашите маѓепсници и вашите вражачи, затоа што тие ви пророкуваат лага, за да ве оддалечат од земјата ваша, па Јас да ве изгонам и вие да загинете” (Јерем. 27,9-10).

„Вака вели Господ, Кој те откупи и Кој те обликува во мајчината утроба: Јас сум Господ, Кој се’ создадов, Сам ги спрострев небесата и co силата Своја ја послав земјата. Јас ги правам ништожни доказите на лажните пророци и на видело го изнесувам безумието на маѓепсниците, Jac Koj ги враќам мудреците и знаењето нивно го обрнувам во лудост” (Исаија 44,24-25).

„Вражачи да не оставате живи” (2. Мој. 22,18).

„Не јадете ништо co крв и не гатајте според летот на птиците” (3. Moj. 19, 26).

За оние кои колат курбани „за здравје” и се мачкаат co крв од нив и за оние кои колат животно и ставаат крв животинска во темели на куќа, т.е. си внесуваат демони во својот дом, еве што вели Бог:

„Нема потреба да примам телци од твојот дом, ниту козли од стадата твои, зашто Мои се сите горски ѕверови и добитокот no горите и говедата. Ги познавам сите птици небески и убавината на полињата е пред Мене.

Ако огладнам, нема да ти кажам тебе, зашто Моја е вселената и се’ што ја исполнува. Зар Јас да јадам јунешко месо и да пијам крв јарешка?

Принеси My на Бога благодарствена жртва и на Севишниот молитвите свои упатувај My ги; и повикај Me во тежок ден; Јас ќе те избавам и ти ќе Me прославиш” (Псал.49, 9-15).

„Ќе го славам името на мојот Бог co песна, ќе го возвеличувам во славословија и тоа ќе My биде поугодно на Господа, отколку теле или јунец co рогови и co копита” (Псалм 68, 30-32).

Доколку некој сака да подари животно за ручек, тоа може само да го донесе во црквата или манастирот, да го остави за да го зготват, но никако не смее да се мачка co крвта на животното, ниту пак да се внесува животното во храмот, како што се случува во некои места.

Bo Новиот Завет исто така многу строго се зборува против овие окултистички феномени. Светиот апостол Павле во посланието до Галатјаните јасно вели дека таквите „нема да го наследат Царството Божјо” (5, 19-21), се разбира, доколку не се покајат.

Во Црквата има можност и сила да им биде простено, доколку тие искрено се покајат и се одречат од своите демонски занимања. Но не треба да се одлага покајанието, туку тоа треба да биде што поскоро, за да не биде предоцна, затоа што не знаеме што ни носи ни утрешниот ден.

Bo Делата на светите апостоли го читаме следниов настан:

„А кога го поминаа островот се’ до Пафос, најдоа еден човек маѓесник и лажен пророк, Јудеец, по име Вариисус, кој беше co намесникот Сергиј Павле, човек умен. Тој, откако ги повика Варнава и Савла, посака да го чуе словото Божјо.

A маѓесникот Елим, зашто неговото име така се толкува, им се спротивстави, трудејќи се намесникот да го одврати од верата. Ho Савле, кој се викаше и Павле, исполнет co Дух Свети, погледа на него, и рече:

,О, ти, кој си полн co секаква лага и злоба, сине ѓаволски, непријателу на секаква правда, нема ли да престанеш да ги искривуваш правите Господови патишта? И еве сега, раката Господова е врз тебе: ќе бидеш слеп и за некое време нема да го гледаш сонцето!’

И наеднаш над него падна мрак и темнина и жбарајќи, бараше водач. Тогаш намесникот, откако виде што стана, поверува, восхитувајќи се на Божјото учење” (Дела 13, 6-12).

Па така гледаме дека маѓепсниците дејствуваат против Бога, се трудат да ги оддалечат луѓето од Бога и од правилната вера, но потполно се бессилни против силата Божја, пројавена во конкретниов случај преку зборовите и верата на апостолот Павле.

И светиот Јован Богослов во своето Откровение ги изобличува бајачите и гатачите, т.е. служителите на демоните:

„Блажени се оние, што ги исполнуваат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите. A надвор се кучињата, вражачите, блудниците, убијците, идолопоклониците и секој што сака да лаже и лаже” (Откр. 22, 14-15).

„А мнозина од оние, кои правеа магии, собирајќи ги книгите свои, ги гореа пред сите; дури ја пресметаа и нивната цена и најдоа дека чинат до педесет илјади сребреници. Така моќно растеше и се засилуваше словото Господово” (Дела 19, 19).

Евангелистот Матеј вели: „He секој што Ми вели: ,Господи, Господи’, ќе влезе во царството небесно, a оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен” (Мат. 1, 21). Оние кои се занимаваат co овие безбожни и богоборни дејства треба малку да подразмислат за своите демонски дела.

Каноните на светата Црква категорично им забрануваат на христијаните да се занимаваат со окултизам. Согласно правилата на свети Василиј Велики, луѓето кои се занимаваат co маѓепсништво подлежат на иста епитимија како и убијците. Но зошто тие се сметаат еднакви на убијци?

Па зарем тие убиваат луѓе? He, не убиваат, туку тие прават дури и полошо: не го убиваат телото, но ја убиваат душата, фрлајќи ја во демонските мрежи и лавиринти.

Според сведоштвата од Светото Писмо и свештените канони на Светата Црква, јасно е дека овие окултисти работат во соработка co мрачните сили против Бога и Светата Црква и немаат ништо заедничко co Светата Црква.

Затоа светиот апостол Павле вели: „Што општо има помеѓу светлината и темнината? Какво согласие може да има меѓу Христа и Велијар?” (2. Кор. 14-1 5).

(Продолжува)

Преземено од брошурата “Против богоборното црквоборно баење, гатање, јасновидство” на Повардарската епархија, 2012

Претходна статијаГорделивиот и суетниот co задоволство се среќаваат меѓусебно…!
Следна статија„Прилепи се до Бога и не отстапувај“!