Бидејќи Бог по природа е бесконечен и непристапен, копнежот на Светиите за соединување со Него никогаш не може да биде исполнет докрај.

Боготрагателот живее во непрестајно движење и растење, вознесувајќи се непрестајно кон Небото.

Таквото силно стремење кон Бог било својствено за светиот апостол Павле, кој напишал:

„Се стремам кон она што е пред мене, трчам кон целта – кон наградата на горното призвание од Бога во Исуса Христа“ (Филип. 3, 13-14).

Токму со таков стремеж кон Бог бил разгорен учителот на монасите – преподобниот Антониј Велики.

Со текот на времето, тој копнеж и таа љубов се зголемиле во него толку многу што тој, на крајот, можел да каже:

„Повеќе не се плашам од Бог, бидејќи Го љубам“.

Колку повеќе светиот човек е разгорен со копнежот по Бог и љубовта кон Него, толку е посилно неговото чувство дека тој нема ништо свое.

Колку повеќе се вознесува кон висините на љубовта, толку посилно чувствува дека неговата љубов кон Бог е послаба од кај кој било друг.

Бесконечната и прекопнежлива Божја Убавина е недостапна за човечкото поимање, бидејќи Бесконечното не може да се смести во она што е конечно.

Затоа Бог во душата на човекот постепено се открива, учејќи го да Го бара, да копнее по Него и со Него да се насладува.

Тогаш душата се стреми кон Небото, кон Божествената Убавина, за да може целата да ја стекне и да ја смести во себе.

Свети Нектариј Егински

(Од преданието на Св. Отци)

Претходна статијаКакo ли мoжe да сe oправда? Поука од Св. Јован Златоуст како не смееме да се однесуваме после Светата Причест
Следна статија„Секој што не собира со мене, тој растура“! (Свети Серафим Саровски)