„Не го почнувајте денот без молитва и не легнувајте без неа, молете се и за време на дневниот одмор.
Во текот на денот принудете се на непрестајната молитва: држете ја во срцето, имајте ја на ум Исусовата молитва или „Богородице Дево“, постојано и секогаш размислувајте за Бога, и тоа спаѓа во молитва.
Ако не ја изгубиме молитвата, и размислувањето за Бога, тогаш нема да нѐ заплашат непријателите, ниту бајачите и магепсниците, бидејќи со нас се Господ и Божјата Мајка:
„Дури и ако слезам во адот, нема да се исплаши моето срце, затоа што Ти, Господи, Си со мене“.
Трудете се секојдневно, ако можете, да ги читате Псалтирот, Апостолот, Евангелието.
Кој има време за молитва, за пофалба е ако целосно го исполнува правилото со канони, поклони, акатисти.
Многу е полезно секојдневно да се исполнува Богородичното правило – 150 молитви „Богородице Дево“ дневно.
Ова правило може да се исполнува и без поклони, дури во движење, а за време на болест седејќи или лежејќи.
Многумина опитно ја спознале ползата од исполнувањето на Богородичното правило.
Ние Ѝ се молиме на себлагата и пренепорочна Божја Мајка, а Таа се моли за нас.
Ние Ја прославуваме Неа – повозвишената од секоја слава, а Таа на сите нам ни подготвува вечна слава.
Ние често Ѝ велиме:
„Радувај се!“, а Таа Го моли својот Син и Бог:
„Сине мој, љубен! Дај им вечна радост, зашто ја поздравија мојата радост“!
(Св. Јован Кронштатски).