ПОСТОТ – НЕОПХОДНО СРЕДСТВО
„Ништо, што влегува во устата на човекот однадвор, не може да го оскверни; освен она, што излегува од него, тоа го осквернува човекот“ (Марко 7, 15).
Зборови слични на овие, дека храната не нѐ поставува пред Бога, обично кажуваат оние, кои не го сакаат постот, претпоставувајќи дека со тоа доволно го оправдуваат своето отсуство на желба да постат, наспроти уставот и поредокот на Црквата.
Колку задоволува ова оправдување, јасно му е на секој во Цркавата. Во постот воздржувањето од некои јадења е востановено, не затоа што тие се нечисти, туку, со тоа воздржување полесно да го постигнеме истенчувањето на телото, неопходно за внатрешното напредување.
Таквата смисла на постот е толку суштинска, така што оние, кои некое јадење го сметаат за нечисто, се вбројуваат во еретиците.
Оние, кои не се склони кон постот би требало тоа да го знаат, а не дека е обврзувачки, иако тој е навистина средство за спречување на гревовните желби и тежнеења на телото. Но, од него не може да се откажеме.
Ако внатрешното напредување е морално, тогаш морално е и средството кое за него е непоходно, односно постот. Совеста му го зборува тоа секому. За нејзино успокојување, тие тврдат:
„Јас со друго средство го надоместувам намалувањето на постот“, или „Постот е штетен за мене“, или „Ќе постам кога ќе сакам, а не кога тоа е востановено.“
Но, првото оправдување е неумешно, бидејќи до сега никој без постот не успеал да го совлада своето тело и да ја сочува својата внатрешна состојба како што треба.
Последното, исто така, е неумешно, бидејќи Црквата е едно Тело и желбата човекот во неа да се оддели од другите е спротивна на нејзиното устројување.
Да се оддалечиш себеси од општите одредби на Црквата можно е само со излегување од неа, а нејзин член не може така да зборува и тоа да го бара.
Второто оправдување има само малку право. И точно е, постот не е обврзувачки за оние на кои тој ќе им делува штетно, бидејќи постот е востановен, не за да го убие телото, туку да ги умртви страстите.
Но, ако ги собереме таквите добри намери, ќе се покажат толку малку и нема да може да се употребат.
Останува само една причина – отсуството на желба.
Против тоа нема што да се спори.
И во Рајот, не воведуваат без желба.
Но, кога ќе те осудат за во пеколот, сакаш-нејќеш да одиш: те фаќаат и те фрлаат таму.
Свети Теофан Затворник