ЗА ПОСТОТ

„Браќа, да дојдеме со посредство на прекрасни дела до даровите на постот и добрите дарови на воздржанието; со добрите дела да ја потврдиме својата добра волја кон нив (постот и воздржанието).

На дело да покажеме какви плодови донесуваат тие, бидејќи дрвото по плодот се познава. Меѓутоа, земјоделецот што се труди, прв треба да вкуси од плодот.

Разбери што зборувам (2. Тим. 2, 6-7), вели апостолот.

Така секоја добродетел ги чисти и украсува или душата, или телото, поточно кажано – само некој дел од душата или телото.

Да речеме, молитвата и знаењето го украсуваат и чистат умот, кроткоста го зауздува гневот,целомудреноста (чистотата) ја гаси лакомоста.

Постот и воздржувањето го смируваат бунтот на телото, лудоста на гневот и ја смируваат страсната желба, создавајќи во умот чисто и ведро небо без ниту едено облаче и ја чистат душата од испарувањата кои се јавуваат како резултат на прејадувањето и затемнувањето кое оттаму доаѓа.

Благодарејќи на постот и воздржанието, надворешниот човек копнее, а во согласност со тоа колку тој копнее, внатрешниот човек се обновува, ако што вели апостолот.

Некој кажал дека преполниот желудник не раѓа истенчен ум; според тоа, сразмерно на тоа колку човекот станува истенчен со помош на постот и воздржанието, толку истенчен (просветлен) станува и неговиот ум.

На тој начин, сѐ што е прекрасно и добро, успешно се доведува до крај и завршува.

Постот и воздржанието се двојни ѕидини, и оној, кој живее внатре во нив се насладува со големо спокојство, како да се наоѓа во Ерусалим, бидејќи Ерусалим во превод значи мир.

И еве, во освојувачки поход под овие ѕидини стигнува „архи – готвачот“ на вавилонскиот кнез! Таму, каде што ќе забележи дека ѕидините внатрешно не се беспрекорно заштитени, навалува и ги руши со илузиите на готварските вештини, како со борбени машини за пробивање.

Оние, пак, кои се наоѓаат во овие ѕидини, не само што ги презираат разновидните јадења, туку, за да заштедат, сами си месат леб.

Поточно кажано, тие, благодарејќи единствено на воздржанието, ги спушиле мадијамските шатори. Токму тоа го изобразува расказот за Гедеон:

Сонив дека еден тркалезен јачменов леб се тркала по медијамскиот логор (Суд. 7, 13).

Лебот од јачмен ја претставува скромноста и воздржувањето на оние, кои војувале заедно со Гедеон дури и во поглед на неопходното јадење.

И, откако се отркала до шаторот, удри во него така, што тој падна, го собори, и шаторот се растури, се вели во продолжението.

Медијамскиот шатор, соборен од јачменовиот леб (според нас) ја претставува големата желба на грлото и стомакот чии гневни побарувања ги отсекува постот и скромната трпеза.

Оној сакан човек, Данило, не само што со тесто го убил змејот, господ на оние, кои бог им е стомакот, туку, не вкусувајќи го посакуваниот леб и не пиејќи вино во текот на многу недели, имал нови веденија и бил удостоен со архангелско надгледување…“

Свети Григориј Палама

 

Претходна статијаДа се измириме ние барем, браќата и сестри во Христа, Христа ради!
Следна статијаВојсководецот на умот! (кратка поука)