Поука – Старец Јосиф Исихаст
Обрни внимание на ова за кое ти зборувам.
Демоните се духови. Поради тоа, тие се сродни и слични на нашиот сопствен дух, односно на умот.
Бидејќи умот е хранител на нашата душа, тој, секој облик и мисла на своето движење го внесува во срцето, кое потоа, ги прочистува и ги предава на разумот. На таков начин умот станува зафатен, исто како примерот со оној поток од морето.
Поинаку кажано, нечистиот дух со измама го обзема умот, а тој пак, по навика, тоа го предава на срцето. Ако срцето не е чисто, тоа затемнување го предава на разумот, од што потоа и душата ќе се затемни и ќе поцрни.
Од тогаш постојано се прифаќаат претсави, наместо созерцанија. Така се појавиле сите прелести и проникнале сите погрешни учења.
Прочитај ја ако сакаш „Црковната историја„ од Мелетиј Атонски и ќе видиш дека многумина учители, како што се Ориген и уште илјадници други, кои во почетокот биле големи светилници на Црквата и биле на се’ поучени, се нурнале во морето на знаењето, пред да се нурнат во тихувањето, за да можат да ја добијат чистотата на срцето и чувствата, мирот и тишината на духот.
Се заробиле себеси во океанот на Светото Писмо, сметајќи дека е доволно она што го научиле од науката, па тука илјадници се удавиле и биле анатемисани на Соборите, иако пред тоа биле заштитници на предходните Собори.