40.
Какви духовни поуки и совети им давате на верниците за да ги утврдите во трите богословски добродетели: верата, надежта и љубовта, кои лежат во темелот на нашето спасение?
Јас сум едноставен човек и нешколуван, и не се разбирам во тоа да давам посебни поуки за овие три богословски добродетели. Тоа го оставам на теолозите, кои можат да ги поимат и да им ги толкуваат на оние што ги слушаат.
Тука треба да ја познаваш теологијата сфатлива на оние многумина и нешколувани, кои се’ уште не го знаат “Верују” и “Оче наш”, па ниту почетните молитви. Според мојата слаба моќ и разбирање во она што е за корист на спасението, јас прво га потсетувам верниците на стравот од Бога, кој го поучува човекот да отстапи од злото (Изрек. 1, 7; 9,10).
Знаеме од светите отци дека мудроста има два краја. Долниот е стравот од Бога, а горниот е љубовта кон Бога, која што е “врската на совршенството”.
Почнувајќи од стравот Божји, jac ги поттикнувам верниците на стравот од смртта и Судот. Потоа ги потсетувам на маките во пеколот, на славата на pajoт, на милостината, на растењето на децата во стравот и науката Господова, на искрена и честа исповед, на напуштање на гревовите, кои заедно претставуваат вистинско покајание.
Оние што се во брак ги поттикнувам на чист семеен живот, советувајќи ги да го напуштат тешкиот грев на чедоубиство и сите обиди против зачнувањето на деца. Ги поттикнувам да ги остават караниците, судењата, гневот, пијанството и омразата и ги потткнувам да се смират еден co друг пред залезот на сонцето.
Ги поттикнувам верните да не одат кај оние што бајат, што фрлаат магии или на “отворање на законоправила”, што е гатање co свети нешта, од светите отци наречено “гитија”.
Верниците ги поттикнувам редовно да одат во светата Црква, да ја слушаат проповедта на свештеникот и да не се собираат во невернички куќи или на секташки собири. Уште ги поттикнувам да се пазат од пијанство, од разврат, од прељуба и од другите стравотии поврзани co овие тешки гревови.
Ги поттикнувам co светост да ги постат четирите пости, како и среда и петок, освен во случај на болест или други околности ако се добие благослов.
… Ги поттикнувам да ги слушаат свештениците и духовниците, знаејќи дека се од Бога одредени.
Исто така, ги поттикнувам навечер и наутро да се молат и секоја работа да ја започнат co молитва и co светиот крсен знак. Ги поттикнувам да живеат во мир co домашните, co соседите, co сите луѓе, да имаат милост кон беспомошните, странците и болните, да не крадат ништо од другите, ниту од заедничкиот имот.
Уште ги поттикнувам да се молат за целиот свет, мажествено да ги поднесуваат неволјите, на оние што се co чест да им даваат чест, на оние кои се co страв – страв, на оние кои ce co давачки – давачки и никому co ништо да не останат должни, како што не’ учи светиот апостол Павле во Посланието до Римјаните, глава 13, 5-8.
Ha овој начин и co друго ги учам христијаните, синовите на нашата Православна Црква кои доаѓаат при мене.
А да разработувам голема теологија co тие недолжни христијани ниту се разбирам, ниту пак сметам дека ќе им биде од голема корист, се’ додека имаат млечни заби за највишите и најфини духовни учења.
41. Зошто Бог го создаде видливиот и невидливиот свет?
Бог го создаде целиот видлив и невидлив свет само поради Својата неискажлива љубов и добрина (Псал. 32, 5; 64,9; 135,1;103,14-29; 146, 8-9). И повторно Бог го создаде видливиот и невидливот свет за слава на Себе си (Псал. 18,1-2; 96, 6; Рим. 1, 20; Свети Никодим Агиорит, “Стражарење на петте сетила”, гл. 11).
42. Што подразбираме под Божја правда и како можеме да ја исполниме?
Божјата правда е едно од Неговите совршенства (2. Мој. 34,7; 5. Moj. 32, 4; Псал. 7,9; 88, 14; Иса. 45,21-24).
A за да ја исполни Божјата правда, колку што е можно на човекот, христијанинот треба да се труди да ги прави сите добри дела и сите заповеди дадени од Господа и по нивното исполнување себеси да се смета за “непотребен слуга”, како што рекол Христос (Лука 17, 10), разбирајќи дека секое добро дело се прави од Бога преку верниците (Фил. 2, 13-15; 2. Кор. 3, 5; 9, 8; 2. Сол. 2, 17; Евр. 13, 21).
Бог е праведен и Својот благослов го ветува на оние кои ги чуваат Неговите заповеди и ја чинат правдата (Псал. 14,1-2; 23,3; Изрек. 21,21; Иса. 33, 15; Мат. 5,8).
43. Колку може човекот да сфати од божествените тајни и од делата Божји?
Ha ова прашање ќе ви одговорам co зборовите на Светото Писмо: Така се скриени и поголемиот дел од делата Негови (Мудр. Сир. 16,21).
Меѓутоа, до крајот според безграничната добрина Божја, се’ ќе биде сторено познато на човека (Споредете co: Иса. 54, 13; 55, 5), само што треба да знаеме дека за Бога е преку Hero откриено на луѓето (Рим. 1,19).
Бог е неопфатлив и Неговите дела се неопфатливи (Jов 5, 9; 9, 10; 37, 5-14; Проп. 3, 11; 11, . Неговите судови се непоимливи за умот (Псал. 35, 6; Лука 13,4; Рим. 9,33).
Човекот може да ги сфати тајните на Божјите творби според мерката на чистотата на својот ум и срце, бидејќи според сведоштвото на Василиј Велики, “овој свет е училиште на словесните души и училиште на богопознанието, давајќи им на оние кои сетилно гледаат поуки за набљудување на невидливото” (“Шестоднев”, Слово 1).
Преку набљудувањето на светот, на созданието, co духовна мудрост човекот Го познава Творецот (Рим. 1, 20, Иса. 40,22; Псал. 18,1). Небото и земјата ја кажуваат славата Негова (Псал. 18,1-4; 144, 10). Добрината и великодушноста Божја се гледаат во Неговите дела. Неговата моќ повторно се гледа во Неговото создание (Псал. 18, 1; 110, 6; Иса. 48, 13; Рим.1, 20). Мудроста и Неговата слава се познаваат во Неговите величествени дела (Jов 37,16; 38,4; Псал. 8,1; 85,19).
Неговата правда се познава во Неговите дела; Неговата светост се познава во Неговиот Закон (5. Мој. 4, 8; Рим.7, 12). Bo последните времиња, ни кажува Светото Писмо, земјата ќе биде полна co познавање на Господа, како што водите го полнат морето (Иса. 11,9; Авак. 2,14; Проп. 8, 17).
44. Што подразбираме под Божјата промисла, преку која Бог управува co Своето создание?
Божјата промисла ја претставува Божјата постојана грижа за Неговите созданија (Псал. 32, 13; 14, 15; 103, 10-30; 135, 25; Иса. 46, 4; Лука 12, 22; 1. Петр. 5, 7). Свети Максим Исповедник вели дека “промислата и предразбирањето се потребни за се’ да се твори. A свети Кирил Ерусалимски вели дека “Господ се’ набљудуваше пред нивното создавање”.
45. Некои свети отци велат дека Бог управува co светот co две раце, односно co правдата и милоста. Како треба да ги сфатиме овие зборови?
Овие две раце на Отца, co кои Он го создаде видливиот и невидливиот свет и co кои се’ управува, не се Неговата правда и милост. Тие две раце на небесниот Отец се Синот и Светиот Дух, според сведоштвото на Светото Писмо, кое вели:
Преку Словото на Господа се зацврстија небесата, и преку Духот на устата Негова – сите сили нивни (Псал. 32, 6).
Ако, пак, некои свети отци некогаш ги нарекуваат “Божји раце” Неговите две особини и две совршенства, односно правдата и милоста, тие покажале дека co тоа Бог многу грижливо и co икономија го делотвори спасението и исправувањето на човечките души и го приведува целиот свет кон Својата слава и според Својата света и праведна волја.
Имајќи ги во вид овие две совршенства Божји, Светото Писмо не’ учи дека треба повеќе да се плашиме од милоста Негова, отколку од правдата Негова. Бидејќи ако ја повредиме Неговата правда, ќе трчаме под милоста Негова, а ако, пак, премногу згрешиме co преголемата надеж во милоста Негова, тогаш каде ќе трчаме за да ја задоволиме Неговата правда?
Затоа Светото Писмо не’ предупредува, велејќи: He говори: ‘Милоста на Господа е голема: Он ќе ми ги прости многуте мои гревови; зашто и милоста и гневот се во Него; Неговиот гнев се исипува врз грешниците (Мудр. Сир. 5, 6-7).
46. Ако Бог раководи само co промислата, тогаш каква е вината на човекот кој греши несакајќи или од незнаење?
Бог го создаде човекот и го остави во рацете на своите произволности (Изрек. 2, 23; Сир. 15, 14).
Бог не е крадец, Он не ги крши вратите на нашата душа. Слушнете што вели:
Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам co него и тој co Мене (Откр. 3, 20). Ha друго место, пак, покажувајќи го човековото самосовладување, вели: и co оружјето на милоста Своја го закрилуваш (Псал. 5,12).
Значи, човекот е слободен и не е принуден да чини добро, но поучен е да твори добро и да ги чува сите заповеди Христови (Мат. 28,20).
Ако, пак, погреши некој од незнаење, сепак ќе биде тепан, но помалку (Лука 12, 48; Рим. 2,12).
И ако човек згрешил несакајќи, нека се кае и co намерно покајание да го излечи ненамерното (Мат. 11,20; Лука 17,3-4; 2. Кор. 7, 10).
47. Што е спасението и кои се условите за спасение, според светите отци?
Спасението е избавување од гревовите (Псал. 129, . Спасението доаѓа од Бога (Мат. 1, 21; Псал. 38, 36-39; 67, 20; Иса.25,9;45,17; 43,11). Спасението на човечкиот род е реализирано преку крвта Христова (Мат. 20, 28; Мк. 10, 45; Дела 20, 28;Ефес.1,7;Евр.11,12-15).
Спасението е остварено преку Исуса Христа (Иса. 63, 9; Лк. 1, 69). Христос може секогаш да спасува и нема спасение преку некој друг (Евр. 7, 25; Дела 4,12).
Условите, пак, за спасение се: благодатта на Светиот Дух, вистинската вера во Бога соединета co сите добри дела и исповедание на името на Исуса Христа (Рим. 10, 9-10); бидејќи кој претрпи до крај, ќе биде спасен (Мат. 10,22-24; Марко 13, “13).
48. Што подразбираме под благодат и кога ја прима човекот благодатта на Светиот Дух?
Благодатта претставува знак на искупувањето (Ефес. 1, 13-14; 4, 30).
Човекот ја прима благодатта на Пресветиот Дух, прво на крштевањето co миропомазание (2. Кор. 1, 21-22; 1. Jов. 2, 27; Дела 8, 15). Според светото крштевање благодатта на Светиот Дух се добива по пат на молитвата (Лука 11,13).
Потоа благодатта на Светиот Дух jа примаме преку средствата за осветување на Христовата Црква, а тоа се седумте Свети Тајни, како и треби, осветувања итн.
Благодатта на Светиот Дух се дава на оној кој верува во Исуса Христа и се покајува (Дела 2,38; 10,43-44; Гал. 3,14; Јован 7,39).
49. Дали сите луѓе ја имаат благодатта на Светиот Дух?
Дали и нехристијаните, неверниците, еретиците, секташите и христијаните паднати во смртни гревови ја носат во себе благодатта на Светиот Дух?
Bo Стариот и Новиот Завет благодатта на Светиот Дух била ветена на сите кои веруваат во Исуса Христа (Иса. 44, 3; 59, 21; Езек. 36, 27; Дела 2,17-18).
Но, благодатта на Пресветиот Дух особено е дадена на светите апостоли (Јован 20, 22; Дела 1,8; 2,4; 4,31; 6,3; 13,2).
Паганите, неверниците и отпадниците ја немаат благодатта на Пресветиот Дух (Јудита 19, 20; 1. Кор. 2, 14).
Bo nocледните времиња мнозина измамници и лажни христоси ке се претставуваат co лукавство како да ја имаат благодатта на Светиот Дух и ќе прават големи знаци и лажни чудеса co силата на сатаната, како би прелажале мнозина, како што рекол Господ (Мат. 24, 24; Марко 13,22; 2. Сол. 2,9; Откр. 13,1314).
Овие измамници ќе прават лажни чудеса co силата на сатаната, како би ги прелажале избраните и би ги оддалечиле од вистинската вера (5. Мој. 13, 1-8; Откр. 19, 20).
Гатачите, лажните пророци, еретиците, измамниците и лажните чудотворци претставуваат гнасотија пред Бога (3.Moj. 20, 27; 5. Мој. 18,10-12).
Бог не ги слуша оние што прават лажни чудеса (3. Мој. 11, 31; 20, 6; 5. Мој. 13, 3).
Христијаните кои паѓаат во тешки гревови го опскрбуваат Светиот Дух Божји (Ефес. 4, 30), но сепак не ја губат благодатта на спасението. Ако co сето срце се обратат на исповед и на правење добри дела, тие повторно го добиваат дарот на Пресветиот Дух (Дела 2,38).
Пренесено од книгата “Голем е Бог” од Старец Клеопа