РАЗУМ ПАДНАТ
• Лажно наречен разум, тоа е начин на размислување и просудување, кој умот го усвоил по човековиот пад.
Како последица на падот, тој има карактер на самоизмама, а како последица на лагата и измамата тој не ја прима Вистината – Христа; бидејќи високо цени се’ земно, а земјата е место на прогонство на паднатите, тој е спротивен на верата и на духовниот разум, кој се раѓа од неа, разум кој на се’ земно гледа co очи на патник на минување.
Предмет на лажно наречениот разум е само минливото и распадливото.
Кога негов предмет ќе стане вечното и духовното, тогаш неговите судови се сосема неосновани и погрешни.
Тој е лишен од просветеност одозгоpa, која ги објаснува духовните предмети; за неговите сопствени сили, без откровение, тие предмети се потполно недостапни; туѓата светлина во него е светлина на мрачните духови на лагата.
Сите негови сведоштва му ги овозможуваат телесните сетила, кои се повредени co падот. Дури и кога она што co сетилни очи е невидливо ќе му стане на некој начин достапно, на пример, co помош на магнетизми, co тоа тој само си ги намножува своите заблуди, ја засилува својата помраченост и самоизмама, бидејќи живее во лага, како оној што стекнал лажни сфаќања.
Неговите следбеници се наоѓаат во постојана меѓусебна несогласност, спротивставувајќи се еден на друг и на самите себе.
Тој од човекот не бара добро однесување, напротив, му остава слободно да греши.
Тој себеси се смета за господар на светот, заради што ја отфрла Божјата Промисла, ако не секогаш со зборови, тогаш секогаш на дело.
Тој во себе го содржи начелото на безбожноста, кое претставува суштина на секоја заблуда, откривајќи се во неа повеќе или помалку. Конечно, тој претставува негативно богатство на паднатите духови и на оние луѓе кои се наоѓаат во општење co паднатите духови.
Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од свети Игнатиј Брјанчанинов