СВЕТОСТА НА РОДИТЕЛИТЕ Е НАЈДОБРОТО ВОСПИТУВАЊЕ ВО ГОСПОДА
Bo личноста на децата да Го гледаме Бога и да им ја дадеме Божјата љубов. Треба и децата да научат да се молат. За да се молат, децата треба да имаат крв од родители што се молат.
За ова некои грешат кога велат:
„Штом родителите се молат и се благочестиви и го читаат Светото Писмо, тогаш и децата ги воспитале во „науката Господова” (Ефес. 6,4), па во тој случај и децата ќе бидат добри”. Меѓутоа, факт е дека гледаме спротивни резултати поради вршењето притисок.
He e доволно родителите да се побожни, туку треба да не им вршат притисок на децата, сакајќи co сила да ги направат добри. Постои можност да ги избркаме децата од Христос, доколку принципите на верата ги применуваме егоистички.
Децата не сакаат притисок. He ги принудувајте да одат co вас во црква. Можете вака да кажете:
„Кој сака, може сега да дојде co мене или нека дојде подоцна”.
Оставете во нивните души да проговори Бог. Притисокот што им го вршат „добрите” родители на своите деца е причина што тие, кога ќе пораснат стануваат нескротливи и ја напуштаат Црквата и се’ друго, па прибегнуваат на други страни за да се задоволат.
Т.н. „благочестиви” родители, кои се грижеле своите деца да ги направат „добри христијани”, преку таа човечка љубов всушност им направиле притисок и резултатот бил спротивен. Значи, додека децата се мали им се прави притисок, а кога ќе наполнат шеснаесет, седумнаесет или осумнаесет години се случува контраефект. Револтирани, тие почнуваат да се дружат co лоши друштва и зборуваат недолично.
А ако се развиваат во слобода, гледајќи го истовремено добриот пример на возрасните, тогаш се радуваме кога ги гледаме. Тајната се состои во тоа да бидеш добар, свет, за да бидеш вдахновен и да зрачиш.
Врз животот на децата влијае зрачењето на родителите. Ако родителите се настојчиви, говорејќи:
„Ајде да се исповедаш, ајде да се причестиш, ајде направи ова, она…”, тогаш ништо не бива. Но детето те гледа тебе и она што ти го живееш и како зрачиш наоколу.
Дали Христос зрачи во тебе? Ако е така, тогаш тоа преминува кај твоето дете. Bo тоа се состои тајната.
Ако се постапува така додека е детето мало, тогаш кога ќе порасне нема да има потреба многу да се мачи. Токму во врска co ова прашање мудриот Соломон употребува една преубава слика, нагласувајќи го значењето што го има добриот почеток, добриот темел.
Тој на едно место вели:
„Кој ја бара од рано утро, нема да се измачува, зашто ќе ја најде како седи пред неговата врата” (Мудр. Сол. 6, 14).
„Од рано утро” значи дека од млада возраст се трудиш да ја имаш мудроста. Мудроста е Христос. Зборот „пред вратата” значи „се наоѓа блиску”.
Кога родителите се свети и го воспитуваат детето во Господа, тогаш какви лоши влијанија и да има од околината, нема да му влијаат, бидејќи пред неговата врата ќе се наоѓа Мудроста – Христос. Нема да се мачи за да ја стекне.
Делува дека е многу тешко да станеш добар, но всушност е многу лесно доколку животот се почне co добри духовни доживувања. Потоа, во текот на растењето не е потребен напор, затоа што тоа го имаш внатре во себе и тоа е твој живот.
He се мачиш, го имаш тоа доживеано, тоа е твоја сопственост што ја одржуваш во текот на целиот твој живот, доколку си внимателен.
Пренесено од книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит”
Превод од грчки – Јеромонах Атанасиј
Подготви Мина Даниловска