ДЕТЕТО САКА ПОКРАЈ СЕБЕ ДА ИМА ЛУЃЕ СО ТОПЛА МОЛИТВА
Детето сака покрај себе да има луѓе co топла молитва. Мајката не треба да се задоволува само co тоа што телесно, видливо ќе го погали детето, туку истовремено треба да го погали и co молитва.
Bo длабочината на својата душа детето го чувствува духовното галење што мајката тајно го испраќа и тоа го привлекува кон неа. Детето се чувствува безбедно и сигурно, кога мајката co својата постојана и топла молитва тајно го прегрнува и го ослободува од се’ што го притиска и стега.
Мајките знаат да се плашат, да советуваат, да зборуваат многу, но не научиле да се молат. Многуте совети и укажувања влијаат многу лошо. На децата не треба многу да им се зборува. Зборовите удираат во ушите, а молитвата оди во срцето. Потребна е молитва, co вера, без агонија и страв, но и co добар пример.
Еден ден во манастирот дојде мајка, разочарана од својот син Ѓорѓи. Тој бил многу конфузен. Излегувал ноќе co лошо друштво. Неговата состојба секојдневно се влошувала, a мајка му ја зафаќаше се’ поголема агонија и плачеше се’ повеќе.
Јас и’ реков:
– Ти ништо не зборувај, туку само моли се!
Се договоривме секоја вечер, од десет до десет и петнаесет часот, да се молиме заеднички, истовремено. И реков ништо да не му зборува и да го остави синот да излегува во колку часот сака, без да прашува „колку беше часот кога се врати? итн., туку co многу љубов да му вели вака:
„Ѓорѓи мој, јади. Во фрижидерот ти имаме оставено јадење”.
И да не му зборува ништо друго. Значи, генерално co него да се однесува co љубов и да не ја остава молитвата.
Мајката почна да го применува тоа, при што поминаа околу дваесетина дена, a тој и’ вели:
– Мамо, зошто не ми зборуваш?
– Ѓорѓи мој, како тоа не ти зборувам?
– Мамо, ти нешто си ми лута. He ми зборуваш.
– Ѓорѓи, чудно е ова што го кажуваш. Како не ти зборувам? Еве, зарем сега не ти зборувам? Што сакаш да ти кажам?
Ѓорѓи ништо не и’ одговорил. Потоа мајка му дојде во манастирот и ми рече:
– Старче, што беше она што ми рече детето?
– Успеа нашиот метод!
– Кој метод?
– Па она што ви реков да не му зборувате, туку само тајно да се молите и детето ќе се прибере.
– Мислиш дека тоа е во прашање?
– Тоа е, и’ реков јас. Тој сака да му даваш забелешки, велејќи му „каде беше?; што правеше?” А тој на тоа да вика, да реагира и да се враќа уште подоцна.
– Леле, леле! Какви тајни се кријат тука!, рече таа.
– Сфати ли? Состојбата сама ти кажува. Тој те измачуваше, затоа што сакаше да го караш, за тој да си тера по свое. Штом не го караш, тој се вознемирува. Наместо ти да се вознемируваш кога тој си тера по свое, сега тој се вознемирува, бидејќи ти не се секираш и се однесуваш апатично.
Еден ден Ѓорѓи им соопштил дома дека си заминува, ја напушта работата и ќе оди во Канада. My рекол и на својот шеф: „Си заминувам, а ти најди си друг да ме замени во рабо тата”. Во меѓувреме, јас им реков на родителите:
– Ние ќе се молиме.
– Ама тој e подготвен… Ќе го задавам!, рече татко му.
– He, не го закачај, му реков јас.
– Ама, старче детево си оди!
Јас реков:
– Ако, нека оди. Вие предадете и’ се на молитвата, а и jac ќе се молам co вас.
По два-три дена беше недела. Рано наутро Горѓи им рекол:
– Јас заминувам. Ќе одам co моите другари.
– Добро, како сакаш – му рекле тие.
Тој си замина. Заедно co неговите другари, две девојки и две момчиња, изнајмија автомобил и тргнаа за Халкида. Оделе наваму-натаму… Потоа отишле во Свети Јован Росос, па оттаму поминале низ Мантуди, Света Ана, Василика.
Отишле, се избањале на Егејот, јаделе, пиеле, се забавувале. Потоа тргнале да се вратат. Веќе се стемнило. Ѓорѓи возел. Некаде кај Света Ана автомобилот удрил во аголот од некоја куќа и претрпел значително оштетување. И сега што да прават? Полека успеале да го донесат во Атина.
Многу рано, кога уште било ноќ, стигнал дома. Родителите не му рекле ништо. Тој легнал да спие. Кога се разбудил рекол:
– Тато, се случи ова и ова… Сега треба да го поправиме автомобилот, а тоа чини многу пари.
Тој му рекол:
– Дете мое, ти си знаеш. Јас имам долгови, a ги издр жувам и твоите сестри… Што ќе правиме?
– Тато, што да правам?
– Прави што сакаш. Возрасен си, имаш памет. Отиди во Канада да заработиш пари, да….
– He можам – му рекол. Треба сега да го поправиме автомобилот.
– He знам. Реши си ти.
Гледајќи ја таквата реакција на татко му, тој си заминал. Го нашол шефот и му рекол:
– Шефе, ми се случи ова и ова. Нема да си одам. Немој да земаш друг.
Тој му рекол:
– Добро, дете мое.
– Да, но ми требаат пари.
– Да, но ти сакаш да си одиш. Треба татко ти да ми потпише.
– Јас ќе ти потпишам. Татко ми не се меша. Тој ми го кажа тоа. Јас ќе работам и ќе ти ги вратам.
Зарем ова не е Божјо чудо? Кога мајката пак дојде, јас и’ реков:
– Успеа начинот што го употребивме и Бог ја услиши нашата молитва. И несреќата беше од Бога, па ете сега детето ќе остане дома и ќе се вразуми.
Така бидна co нашата молитва. Се случи чудо.
Родителите постеа, се молеа и молчеа и успеаја. По извесно време детето дојде и ме најде без некој од неговите домашни да му каже нешто за мене. Ѓорѓи стана многу добар и сега работи во авијацијата, а оформи и убаво семејство.
Пренесено од книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит”
Превод од грчки Јеромонах Атанасиј
Подготви: Мина Даниловска