ПРЕТЕРАНАТА ЗАШТИТА ГИ ПРАВИ ДЕЦАТА НЕЗРЕЛИ
Едно друго нешто, пак, што им штети на децата е претераната заштита, односно претераните грижа, агонија и страв на родителите.
Слушнете една случка.
Една мајка ми се жалеше дека нејзиното петгодишно дете не е послушно.
Јас и’ велев: „ти си виновна”, но таа не го сфаќаше тоа. Еднаш отидовме co неа да прошетаме покрај море co нејзиниот автомобил. Co неа беше и детето.
По кратко време малиот и’ се тргна од рака и истрча кон морето. Таму имаше еден куп песок, a одзади се простираше морето. Мајката се уплаши и беше подготвена да извика и да истрча, бидејќи го здогледа малиот на врвот од брдото песок co испружени раце како прави рамнотежа.
Јас ја смирив и и’ реков да му сврти грб на детето, a jac малку од страна набљудував. Кога малиот се обезнадежи во обидот да ја провоцира мајка си, за да се исплаши таа и да извика, како што правел по обичај, тогаш пополека мирно се симна и дојде до нас.
Толку беше! Тогаш мајката ја сфати лекцијата за правилно воспитување.
Една друга мајка се жалеше на својот син единец дека не ги jадел сите јадења, а особено кисело млеко. Малиот беше на околу тригодишна возраст и секојдневно ја измачуваше мајка си.
Јас и’ реков:
„Ќе го направиш следново. Ќе го испразниш фрижидерот од сите јадења и ќе го наполниш co одредена количина кисело млеко. И вие родителите ќе се намачите неколку дена. Штом дојде време за јадење, на Петар ќе му дадеш кисело млеко.
Нема да го изеде. Вечерта пак исто, следниот ден исто. A потоа ќе огладне, па ќе проба малку, ќе поплаче, ќе викне. Вие ќе го поднесете тоа, a потоа ќе јаде co задоволство”.
Така испадна, па киселото млеко му стана омилено јадење на Петар.
He e тешко тоа, но многу мајки не успеваат и на своите деца им даваат негативно воспитување. Мајките што постојано седат врз децата и ги притискаат и претерано ги штитат, ја промашуваат работата.
Детето треба да го оставиш само да се заинтересира за својот напредок. Тогаш ќе успееш. А кога постојано седиш врз нив, децата се револтираат. Стануваат мрзливи, млаки и обично не успеваат во животот. Тоа е еден вид претерана заштита што децата ги остава незрели.
Пред неколку дена дојде една мајка, разочарана од постојаните неуспеси на синот да ги положи испитите на факултет. Тој бил одличен ученик во основно и во средно училиште, а потоа неуспеси и незаинтересираност на детето, како и чудни реакции.
Јас и’ реков:
„Ти си виновна, а образована жена си! Што да направи детето?
Co години само притисок, притисок, притисок, велејќи му: „да бидеш прв, да не не’ посрамиш, да бидеш големец во општеството…”
Сега почна да клоца и не сака ништо. Треба да запреш co тој притисок и co таа претерана заштита, па ќе видиш дека тогаш детето ќе се среди. Ќе почне да напредува кога ќе го пуштиш да биде слободно”…
Пренесено од книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит”
Ќе продолжи…
Превод од грчки – Јеромонах Атанасиј Арасоски
подгови М. Даниловска