Св. Јован Златоуст – ЗА ПОКАЈАНИЕТО

Дали ги видовте минатата недела војната и победата? Војната ѓаволска, а победата Христова.

Дали видовте како покајанието беше фалено и како ѓаволот не можеше да ја поднесе раната, туку се престрави и преплаши.

А од што ли се исплаши ти сотоно кога покајанието се пофалува?

За што плачеш и зошто трепериш?

Со причина, зборува тој, плачам јас и тагувам, зашто истото тоа покајание ми ги оттргнува најдобрите мои кораби.

А кои беа тие?  Блудницата, цариникот, разбојникот и хулителот.

И навистина, покајанието му превзело многу кораби, па и самата основа на неговата тврдина (акропола) му ги поткопал. Тој од покајанието се здоби со смртоносна рана, како што сите вие од искуство видовте.

Па зошто ние со таква беседа и понатаму не се користиме и не доаѓаме в црква секој ден за да го фалиме покајанието?

Грешник ли си, дојди во црквата и кажи ги (исповедај ги) гревовите свои.

Ако си праведен, дојди, за од правдата да не отпаднеш, зашто Црквата е пристаниште и на едното и на другото.

Ако си грешен, не очајувај, туку дојди и покај се. Изговори пред Бога:
„ Ти согрешив“.

Каков е тука трудот? Какво ли далечно одење? И каков ли замор?

Каква е тежината да се изговори еден збор : „згрешив“!

Или се срамиш да признаеш дека си грешен, зашто не можеш да го победиш ѓаволот клеветник?

Но ти спречи го тоа и разоружи го. Негова работа е да клевети. Тогаш зошто не го спречуваш?

Зошто не го исповедаш гревот и не ги изравниш своите претстапи, зашто знаеш дека имаш таков клеветник, кој што не може да молчи?

Дали си согрешил?

Дојди в црква, изговори пред Бога:

„Згрешив“. Ништо друго од тебе не барам, освен ова.

Зашто и самото Божествено Писмо говори: „опомени ме да се судиме, кажувај да се оправдаш“ (Ис. 43, 26).

Изговори го гревот за да се ослободиш од него. А за тоа не е потребен труд, зашто за тоа не се бараат окружни посланици, не се бараат ниту пари, ниту нешто слично на тоа.

Кажи збор, признај дека си грешен и изговори:

„Згрешив“!

(извадок од беседа на Св. Јован Злтоуст)

Претходна статијаЗА ПОКАЈАНИЕТО – Свети Јован Лествичник (Посветено на неделата на Св. Јован Лествичник)
Следна статијаМЛАДЕНЦИ ? ( На ваши прашања одговара отец Горан Стојчевски)