Молчанието собира, а зборовите трошат.

Молчанието е – тајната на идниот век.

Во молчанието настанува средбата на душата со Бога.

Господ рекол:

За секој празен збор што ќе го кажат луѓето ќе дадат одговор. (Мат.12,3).

Кога би знаеле дека зборовите ни се враќаат кај нас, описно кажано, како пуштен бумеранг, тогаш би се сетиле дека на човек не му е даден само јазик за да зборува, туку и – уста, за да го задржува говорниот тек.

Не е лесно да се молчи. Еден од светиите вели:

„ На човек му потребно неколку години за да научи да зборува.

Но, неколку десетолетија се учам да молчам.

И се уште до крај не сум ја освоил таа уметност“.

Архимандрит Рафаил (Карелин)

 

Претходна статијаАКО ТРИ ПАТИ ПОБАРАШ ПРОСТУВАЊЕ И НЕ ТИ ПРОСТУВА…(Старец Клеопа)
Следна статијаНОЗЕТЕ И РАЦЕТЕ ПОСВЕТЕТЕ ГИ НА РАБОТА, НO СРЦЕТО – НЕ!