ДОБРОТОЉУБИЕ – СВ МАКАРИЈ ВЕЛИКИ

120. Божјата премудрост е безгранична и несфатлива за нашиот ум. Ние не можеме да сфатиме на какви се’ разновидни начини му се раздава благодатта на човечкиот род, за да се провери слободната волја на секој човек, за да се пројават оние што Го љубат Бога co сето свое срце и кои се готови заради Hero да преминат низ секаква опасност и да преземат секаков труд.

Зашто некои, штом пристапат co вера и co молитва, додека се’ уште овде на земјава, без трудови, без пот и без напори, ги примаат даровите на Светиот Дух.

При тоа, Бог не ја дава благодатта без причина, не навремено и не случајно, но според Својата неискажлива и несфатлива премудрост, за да се пројават желбата и слободната волја на оние, кои брзо ја добиваат Божјата благодат и дека таа се состои во тоа што тие чувствуваат дека таа им е дар, дека е милост и сладост Божја, дека им е дарувана и без нивни посебни трудови; дека е вистинска благодат, co која се удостоиле и дека се токму затоа должни да покажат ревност, неуморност, усилби и плод на љубов од страна на својата слободна волja, a co тоа да ce отплатат за овој преголем дар, така што потполно да My ce предадат на Господа, да Го љубат само Господа и да ја извршуваат само Неговата волја и потполно да се оддалечуваат од сќ што е телесно и грешно (29,1).

121. А на некои, иако се оддалечиле од светот, иако, според Евангелието, се откажале од овој свет и co големо трпение преуспеваат во своите молитви, во постот, како и во ревнувањето во другите добродетели, Бог не им ги дава набргу Својата благодат, Својот мир и Своите дарови, туку не брза и го задржува Својот дар.

И ова не е без причина, не е ненавремено и случајно, но по некаква неискажлива премудрост, заради испитување на слободната волја, за да се види дали тие се верни и дали вистински Го почитуваат Бога, Кој ветил да им дава на оние што бараат и им ги отвора вратите на оние што тропаат, за да се види дали вистински веруваат во Неговите зборови.

Дали до крајот ќе имаат непоколеблива вера, дали ревносно ќе продолжат да се молат и да бараат, дали нема да отстапат од Бога кога ке им дојдат страдања и заплашувања, дали нема да се предадат на мрзливост, откако паднат во неверување и безнадежност и нема да претрпат до крајот поради староста на времето и испитувањето на нивната слободна волја (29,2).

122. Оној, пак, кој веднаш не ја прима Божјата благодат, кога Бог го одлага нејзиното дарување, тој уште повеќе се загрева и уште посилно копнее no Божјите небесни дарови и секој ден ги умножува и засилува:

желбата, ревноста, неуморноста, усилбите, сите свои добродетели, гладот и жедта, само да може да го прими тоа богатство, a и неговите порочни помисли слабеат, не станува мрзлив, нетрпелив и не се очајува.

Исто така, поради ова задоцнување не ослабнува и не се прашува кога Бог ќе му ја подари Својата благодат, не предавајќи ce поради тоа на мрзливост.

Напротив, колку Бог одложува и не брза, испитувајќи ги неговата вера и неговата слободна волја, тој треба да станува се поревносен и понеуморен во барањето на овие дарови Божји, кога веќе еднаш поверувал и се уверил оти Бог не лаже и дека е вистина се што ветува, па дека и Својата благодат ќе им ja даде на оние што ја бараат co вера и co трпеливост до крај (29, 3).

Пренесено од “ДОБРОТОЉУБИЕ” (Свети Макариј Велики)

М.Даниловска

Претходна статијаУМОТ ДОДЕКА Е СТРАСТЕН НЕ МОЖЕ ДА СЕ СОЕДИНИ СО БОГА…За оние што го љубат словото на Св. Григориј Палама
Следна статијаРАДОСТ И ПОСТОЈАНА НАСМЕВКА ЛЕБДИ НА ВАШЕТО ЛИЦЕ (Што се случува кога постиме и со ум и со тело)