ЧУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО КАКО ДАР ЗАРАДИ ПОКАЈАНИЕ
Здравјето е – дар Божји. He треба да го загрозуваме, бидејќи тоa e неопходно заради покајание. Ако изнемоштиме и се разболиме – нема да бидеме во состојба да се каеме.
Но не знаеме сите да го чуваме здравјето. Некои недоволно јадат, недоволно спијат, се хранат само co сув леб и вода, не го запазуваат пропишаниот начин на исхрана. На крајот си го загрозуваат здравјето.He оди така. Кога сме физички слаби, не можеме да се молиме.
Здравјето ни е потребно заради покајание. А напредување може да има само co покајание. Покајанието е најважно.
Многумина велат: „Сакам да се усовршувам, да живеам духовен живот”. Ho духовен живот можеме да живееме само ако вистински се каеме.
Покајанието е – покајание во се’. Тоа е поврзано co воздржувањето и co љубовта кон луѓето и co љубовта кон Бога и co ослободувањето од страстите, како од јавните, така и од тајните. Сето тоа, земено заедно, се нарекува покајание.
Кој се кае вистински, се моли и се воздржува од многу работи.
Обично се започнува од најголемото, од најтешкото.
Секој од нас има свој омилен грев. Големите угодници Божји не’ поучуваат и советуваат и пишувале и пишуваат за тоа: започнете од најголемиот, од најтешкиот, од најлошиот свој грев и навика.
Кој сака да се расправа – им објавува војна на зборовите. Кој е мрзлив – објавува војна на тоа. Кој не сака да се моли – се учи на молитва.
И така, војувајќи кон некој омилен грев или страст, постепено се очистуваме и исправаме во се’. До тоа ќе дојде незабележливо. И што повеќе се очистуваме и исправаме, толку повеќе ќе чувствуваме потреба за плач. Во нас ќе се појави страв дека се’ уште ништо не сме започнале, дека само што сме се прибрале. Тоа е карактеристично за вистинското покајание.
Кога човек вистински се кае, тој не е ни свесен дека започнал co покајание – мисли дека само се прибира. А всушност веќе поминал подолг пат во покајанието. Што повеќе се очистува, толку повеќе ја гледа својата развратност и тоа дека само што започнал да се прибира, како никогаш да не може да се прибере целосно.
И обратно, некој лежи и ништо не работи, па одеднаш некако ќе воздивне: „леле, ужас!” и веднаш вели: „почнав да се каам”. He, не започнал.
Одлика на смирението е тоа, дека никако не застанува на одреден степен на покајание. Колку срцето станува понежно, колку повеќе се очистува co смирение, толку посилно го покренува плачот.
Незаситен плач. Со што да се објасни тоа што многумина Божји угодници бегале од луѓето, заминувале во пустина, се препуштале на маки и страдања, се затворале, примале схима и давале повеќе завети?
Вие мислите дека схимата е крајна граница? He. Постои и затворништво. Постои таков подвиг. Трет пат е тоа пострижување. Таквиот човек целосно се затвора и не оди никаде. My останува само отворот преку кој добива храна. И ништо повеќе. Постои таков потстриг.
Значи, нема граници во љубовта кон Бога.
Го имавме за епископ блаженоупокоениот Јероним Новгородски. Прими схима. Се покажа дека схимата не му е доволна. Прими подвиг на затворништво.
Го заѕидаа. И така го заврши својот живот.
Четириесеттиот ден му се јави на својот ќелијник и му кажа:
„He ce наситив, сепак не го добив она што го сакав. Нечист сум, не се оправдав пред Бога”.
Такви подвизи земаа на себе, но сепак, им се чинело дека тоа е малку!
Пренесено од книгата “Старец Сампсон – Поуки и беседи”
Подготви – Мина Даниловска