(Пренесено од книгата “Света тајна брак – Поуки на православната цеква за бракот и семејството” – втор дел)

Bo телесната смисла врската помеѓу родителите и децата е малку поинаква. Животот на детето почнува од моментот на зачнувањето и повеќето од луѓето погрешно мислат дека детето во мајчината утроба е дел од нејзиното тело (во чисто физиолошка смисла).

Co ова често се оправдуваат абортусите:

„Телото е мое, што сакам, тоа правам.” Меѓутоа, во овие зборови се содржи огромна лага.

Како прво, и само заради фактот што во неговото создавање не учествувале само тие, детето од моментот на зачнувањето не им припаѓа само на родителите.

Во секое зачнување невидливо присуствува Бог. Луѓето што веруваат отсекогаш го знаеле тоа. Двете ќелии – од мажот и од жената – образуваат единствена ќелија, но таа се’ уште не е човек; меѓутоа, Господ на оваа ќелија и’ дава душа и сега тоа е веќе полновреден човек.

Родителите не управуваат co процесот на раѓањето на детето. Бог дава деца. Некому дава многу, а некому малку.

Неодамна имав прилика да прочитам размислувања на еден гинеколог, кој зборуваше за тоа дека тајната на зачнувањето останува тајна, бидејќи никој не може да објасни зошто во две здрави семејства, кои сакаат да имаат деца, во едното има осум деца, a во другото само едно.

Второ, секој ученик што учел биологија во прва година средно, мора да знае: детето во утробата никако не е дел од мајката, тоа не е нејзино тело, тоа не е еден од нејзините органи.

Што е детето во утробата на мајка си? Што е тоа за неа од гледна точка на физиологијата?

Ќе почнам од далеку. Некои најважни организми можат да се размножуваат co проста делба. Човекот крши гранче од дрвото, го сади в земја и расне ново дрво. Меѓутоа, ова се случува само кај растенијата. Кај животните е веќе посложено.

Ајде да ги видиме поразвиените организми, на пример, рибите. Оплодената ќелија се наоѓа надвор од мајчиниот организам, дури и зачнувањето, односно оплодувањето ce одвива надвор од мајката риба.

Во јајцето од рибата постои се’ што е неопходно за од него да се развие риба, која подоцна ќе излезе од рибиното јајце.

Кавијарот е многу калорична намирница, бидејќи во него се наоѓаат сите материи потребни за раст на идните рибички. Никому нема да му падне на ум да каже дека ембрионот во рибиното јајце е дел од мајчиниот организам.

Одиме понатаму, да ги видиме птиците. Кај нив зачнувањето се одвива во организмот на мајката. Кокошката го снела јајцето и во него постои се’ што е потребно за во него да се развие пилето.

Меѓутоа, за раснењето на пилето не се доволни само материите што се наоѓаат во јајцето: потребна му е и топлина, заради што кокошката седи на јајцата.

Повторно гледаме дека во целата етапа на развојот на зачетокот во јајцето, тоа не може да се смета за дел од мајчиниот организам и очигледно е одделено од него co цврста лушпа.

Одиме уште понатаму, да фрлиме поглед на цицачите. Тоа се уште поразвиени животни и за развојот на зачетокот се бараат уште повеќе услови.

Тешко е да се замисли какво би било јајцето во кое би можело да се развива слонче. Сложеноста на организмот бара многу повеќе време за развој на зачетокот отколку кај птиците и кај рибите: според тоа, во ова јајце треба да се вткаат неколку пати повеќе материи.

Дури и за мало животинче како што е глувчето, би било потребно јајце кое мајката глувчица никогаш не би можела да го снесе, тоа би требало да биде најмалку подеднакво големо како што е таа. Заради тоа Господ поинаку устроил:

Он ова јајце го сместил во утробата на мајката. Исто како некое ждребенце или маче, детето ce наоѓа во утробата на мајката како во меко јајце, кое е припоено кон организмот на мајката, но не се слева co него.

Ниту една капка од крвта на мајката не доаѓа во крвниот систем на детето!

Јас долго време бев во заблуда дека преку папочната врвка мајчината крв доаѓа до детето. Воопшто не е така. Инаку од каде би можеле да се појават деца co крвна група различна од онаа на мајката?

Во учебникот по биологија за трета година, според кој учат повеќето деца во училиштата во Русија, постои многу убава слика. Детето се наоѓа во водењакот.

Папочната врвка на детето е врзана за плацентата, а плацентата е врзана за матката на мајката. Меѓутоа, постои многу јасна граница помеѓу плацентата и мајката – тоа не се два дела на еден орган, туку два различни органи, кои припаѓаат на различни луѓе, едниот на детето, а другиот на мајката.

Од едната страна на оваа граница, од мајката, преку многу капиларни садови поминуваат сите потребни материи, а од другата страна на оваа граница, други капиларни садови на плацентата ги впиваат сите овие материи.

Меѓутоа, повторувам уште еднаш: ниту една капка од крвта на мајката не може да ja помине оваа граница, преминуваат само хранливите материи.

Може слободно да се каже дека детето во утробата на мајката е потполно одвоен организам, кој и’ е даден на мајката, заради исхрана привремено да престојува во нејзината утроба.

Кога некој ќе рече:

„Детето во мене е дел од моето тело и јас ги имам сите права на него”, тоа воопшто не е точно.

Водењакот е токму она јајце или она рибино јајце во кое детето се развива како организам одделен од мајката.

Повторувам уште еднаш: детето и’ е дадено на мајката за таа да го храни, но тоа не е дел од нејзиниот организам. Кој го дал? Бог и таткото на детето!

Мајката без волјата на таткото нема право (ниту правно, ниту морално) било што да стори co детето. Мајката и пред Бога ќе одговара за се’ што ќе направи co него.

Сакаш ли да си ја ампутираш ногата? Ако сакаш, ампутирај ја, твоја е.

Сакаш ли да го убиеш детето во утробата?

Немаш право, тоа не е твое!

Да ја замислиме следнава слика. Таткото и мајката итно заминуваат заради неодложна работа, a детето го оставаат на сосетката да го храни и чува додека тие да се вратат.

Родителите се враќаат, a сосетката им вели:

„Го нема детето, тоа беше мое, што сакав, тоа сторив co него, што ви е грижа вам?”

Додека духовната врска помеѓу родителите и децата е таква што дететето е дел од родителите и нивни нераздвоен дел, телесната врска е обратна, бидејќи уште од моментот на зачнувањето мајката и детето се целосно одделни организми.

Пренесено од книгата “Света тајна брак – Поуки на православната цеква за бракот и семејството”

 

Претходна статијаСЕКОЈ ГРЕВ НА РОДИТЕЛОТ ПАЃА ВРЗ ДУШАТА НА ДЕТЕТО ! (Неверојатни сознанија – децата можат да се молат уште во угробата на мајката)?
Следна статијаПАШТЕТА ОД ЛЕШНИЦИ И ПЕЧЕНИ ПИПЕРКИ