Свештеник Илија Шугајев
МОЖНА ЛИ Е ВИСТИНСКА ЉУБОВ ПРЕД БРАКОТ?
Сите што се овде најверојатно имаат намера да стапат во брак. Православниот христијанин има две основни можности: или да стапи во брак, или да живее во чистота и целомудреност во светот или во манастир. Сигурен сум дека никој од вас не се подготвува за во манастир и затоа за повеќето изборот е јасен – стапување во брак.
Мислам дека сите вие се надевате дека ќе стапите во брак од љубов. Навистина, ужасно е да се стапи во брак co личност што не ја сакаме. Ако некој и може да претпостави такво нешто, веројатно тоа е крајно непожелно. Ha пример, некоја девојка долго време не може да се омажи и на крај се мажи за првиот што ќе ja запроси. Јасно е дека оваа одлука е изнудена, и дека во нормални услови, кога годините не би ја притискале, не би се одлучила на сличен чекор. Значи, сигурен сум дека секој се надева дека ќе стапи во брак од љубов.
Меѓутоа, целта на мојата денешна беседа е да ви кажам една многу важна вистина. Ќе се осмелам да речам дека незнаењето на оваа вистина е причина за скоро сите разводи. A која вистина е тоа? Бидејќи таа е важна за нас, ќе ја напишам на таблата co големи букви.
Значи: Вистинска љубов пред бракот – е невозможна!
За да ви покажам зошто е невозможно ова и за да дознаеме дали е страшно, би требало да ги усогласиме термините. Многу често луѓето користат исти зборови во потполно различно значење. Затоа најпрво ќе се обидам да објаснам што подразбирам под зборот „љубов”. Ова особено е потребно денес, кога овој збор е сведен до најниско ниво, кога се користи синтагмата „се води љубов”, иако притоа е јасно дека не се работи за вистинска возвишена љубов, туку за нешто друго.
Значи, што е љубов? Постојат два основни поими кои ги карактеризираат двата потполно различни типови на односи помеѓу мажите и жените. Тоа се „љубов” и „заљубеност”. Да ги анализираме подетално овие два поими. Да нацртаме на таблата две колони:
Заљубеност Љубов
1. 1.
2. 2.
3. 3.
Поедноставно ми е да почнам од заљубеноста, бидејќи веројатно секој од вас, врз основа на сопственото искуство веќе знае што е заљубеност. Кога јас одев на училиште, децата вообичаено се заљубуваа во второ-трето одделение. Колку што ми е познато, денес тоа се случува уште во постарите групи во градинка. До трета година средно училиште човек може да се заљуби и до три-четири, па и повеќе пати.
Ќе наведам неколку карактеристични својства на заљубеноста.
Прво: Заљубеноста често претставува искажување на егоизам, или, себичност. Запишувам – егоизам.
Ha пример, секој возач сака да има добар автомобил, да речеме „мерцедес 600″. Навистина, кога низ централната московска улица ќе помине добар странски автомобил, повеќето од возачите што седат зад воланите на поскромни автомобили и несакајќи ја свртуваат главата и co поголема или помала завист гледаат на среќниот сопственик на ваквиот автомобил.
Ако пред човекот се постават поголем број автомобили и му се рече: „бирај”, тој, секако, ќе го одбере најмоќниот, најубавиот и најудобниот. Отприлика истата ваква логика дејствува и кај заљубеноста. Момчето влегува во училницата, ги гледа сите другарки од одделението, ја одбира најубавата и си вели самиот на себе: „Сакам да биде моја!” Ако веќе треба да има некоја девојка, нека биде најдобрата. Зошто да не ја добијам најубавата, зошто да не ја добијам најпривлечната?
Да се запрашаме: може ли ваквото чувство да послужи како основа за вистинско, стабилно семејство? Најверојатно не може. Колку и да е убав автомобилот, постојат и многу други co подеднакво прекрасни можности. Ha пример, среќниот сопственик на „мерцедес 600″ оди на гости кај пријатели во викендичка.
По свртувањето на селскиот пат,веќе по првата нерамнина, тој почнува да му завидува на среќниот сопственик на џипот, кој штотуку поминал покрај него. Ha крај човекот заклучува дека му се потребни повеќе различни автомобили. Ако му дозволуваат средствата, тој набавува еден автомобил за во град, еден за во село и камионче за превоз на стока. Така е и co заљубеноста.
Човекот лесно доаѓа во ситуација да има две или три „жени”. Едната раѓа деца, готви ручек и чисти, бидејќи е одлична домаќинка. Co другата може да излезе во ресторан, бидејќи таа одлично изгледа и е шармантна, така што сите гости од соседните маси ќе се свртуваат кон неа. Најпосле, co третата „жена” може без страв да оди на изложба, на опера или на балет, бидејќи таа без тешкотии го разликува Ван Гог од Гоген и Дебисиј од Шопен.
Второ: Во надворешноста или во карактерот на личноста во која човекот се заљубува постои некоја специфична особина, која всушност го освојува срцето на заљубениот. Најчесто тоа се убавото лице или фигура. Bo повозвишена варијанта тоа се умот, веселиот карактер и сл. Во секој случај, заљубениот се заљубува во нешто.
Прашање: може ли ваквото чувство да биде основа за вистински брак?
Тешко. Повеќето момчиња се заљубуваат во убавата, привлечна надворешност на девојката. Само по себе, тоа се’ уште и не е толку лошо. Меѓутоа, како вообичаено се развиваат работите по стапувањето во брак? Надворешноста има способност да се менува.
На пример, раѓањето на првото дете може многу да ja промени жената. Познато е дека многу жени се здебелуваат за време на бременоста и доењето и повеќе не можат да ја вратат својата првобитна витка фигура. Како по правило, тоа не е вина на жените кои се „запустиле”.
За женскиот организам сосема е природно да има извесна полнота.
Господ тоа така го устроил заради полесно носење на детето, бидејќи колковите и стомакот co својата мекост го штитат детето. Господ воопшто не сакал детето да расте во коскестата, тврда и аглеста затворска ќелија од мајчините коски. Фигурите на манекенки, кои се предмет на фантазии на многу девојки, всушност се потполно неприродни за жените и за зачувување на ваквата фигура треба многу напор.
Во старите времиња, ваквата фигура ја нарекувале „малаксана”, сметајќи дека во неа течат лоши сокови. Да се потсетиме на сликите co женски облини од времето на ренесансата: таму не се гледаат никакви лоши сокови!
He ce менува само фигурата. Лицето и косата подеднакво се подложени на промени. До крупни промени доаѓа особено во оние случаи кај девојки кои се обидуваат на лицето и на косата да им дадат поубав изглед. Ако девојката од 15 години се шминка за да изгледа постара, т.е. како да има дваесетина години, тогаш, кога ќе има 20 години, нејзината кожа ќе изгледа како веќе да има 25, а на 25 како да има 35.
Усните кои никогаш не се шминкани, секогаш ќе изгледаат младо. По една година активно користење на кармин усните го губат својот сјај и карминот станува неопходен. Истото се однесува и на косата. Секоја хемиска обработка на косата (лакови, фарби, итн) остава свој белег.
Значи, момчето го освоила надворешноста на дамата од која губи здив – тој се заљубува, набргу и нуди брак и тие се венчаваат. Три-четири години подоцна, кога детето има веќе една-две години, ова момче ќе почне да се свртува околу себе: жената веќе го загубила сјајот, а околу има многу девојки, кои се’ уште блескаат од убавина.
Дури и ако човекот не се заљубил во надворешноста, туку на пример, во брилијантниот ум, одличните манири, итн, во ова чувство ќе биде присутна извесна нестабилност. Разумот исто така може да се загуби. Човекот доживува сообраќајна несреќа, добива потрес на мозокот. Можно ли потоа да се разведеш co него co чиста совест?
Совеста овде дошепнува дека нешто не е во ред. Јасно е дека и самото почитување на интелигенцијата на избраникот се’ уште не е доволна основа за цврста љубов.
Трето својство на заљубеноста е пламеност во чувствата. Кај зрелиот семеен човек и самиот изглед на заљубениот пар предизвикува лесна насмевка. Од една страна, тој толку трогателно и внимателно се додворува, а таа толку елегантно го прифаќа додворувањето, од друга страна, сосема е јасно дека ова е уште далеку од вистинското чувство.
Николај Васиљевич Гогољ, кој бил православен, одлично познавал еден закон на духовниот живот: длабочината на чувствата и нивната внатрешна сила, воопшто не зависат од силата на нивното покажување. Ha ова е посветена цела приказна од големиот писател – „Старовремски велепоседници’.
Главни јунаци во приказната се старите велепоседници Атанасие Иванович и Пулхерија Ивановна. Нивниот монотон живот потсетува на „прекрасен дожд кој раскошно шушти, удирајќи по лисјата на дрвјата, слевајќи се во жуборните потоци и предизвикувајќи дремка во вашиот организам.”
Сите денови исто минувале, Пулхерија Ивановна однапред ги знаела сите желби на својот сопруг и тие моментално се исполнувале. Меѓутоа, Пулхерија Ивановна починала. Пред смртта сите мисли на Пулхерија Ивановна биле посветени само на нејзиниот сопруг.
Таа издала последни наредби на клучарката како да се грижи за Атанасие Иванович. За време на погребот Атанасие Иванович молчел, како да не сфаќал што се случувало. Дури кога се вратил дома почнал да плаче, силно и неутешно. Писателот, односно Гогољ, на пет години го напушта селцето во кое живееле овие велепоседници. На крај пак го посетува ова местенце. Попат навраќа на гости кај Атанасие Иванович и размислува:
„Шест години поминаа оттогаш. Која несреќа не ја однесува времето? Која страст опстанува во нерамноправната борба co него?” Гогољ во продолжение наведува пример, кој покажува дека времето ja лекува и најсилната страст.
„Познавав еден човек, во цветот на младоста, полн co вистинска благородност и доблести. Го познавав како нежно, страсно, диво, дрско и скромно заљубен, и во мое присуство, скоро пред мои очи, предметот на неговата страст – една нежна и како ангел прекрасна девојка ја зеде незаситната смрт. Никогаш не сум видел толку страшни изливи на душевно страдање и толку дива, врела тага, таков очај, како што го потресуваа вљубениот несреќник.
Никогаш не сум помислил дека човек може да си направи таков пекол, во кој не постои ниту сенка, ниту трага од нешто што барем малку би личело на надеж… Домашните се трудеа да го држат на око; беа сокриле од него се’ co што би можел да се убие.
Две недели подоцна, одненадеж се победи себе си: почна да се смее, да се шегува; му дадоа слобода и прво на што ја употреби, беше за да купи пиштол. Еден ден пукањето што се слушна многу ги исплаши неговите најблиски. Влетаа во собата и го видоа како лежи на земјата co пробиен череп.
Сосема случајно таму беше и еден лекар, чии способности беа надалеку познати; забележа знаци на живот, откри дека раната не е смртоносна и тој, на големо изненадување, беше излечен. Оттогаш уште повеќе го набљудуваа. Дури ниту на масата пред него не ставаа нож и ce трудеа да тргнат се’ co што би можел да се повреди. Tој набргу најде нова прилика и се фрли под тркалата на една кочија. Раката и ногата му беа скршени, но пак беше излекуван.”
Како што гледаме, опишаното страдање е навистина страшно. Меѓутоа, тонот на Гогољ одненадеж нагло се менува. „Една година подоцна го видов во една сала полна co луѓе: седеше на маса, весело зборуваше „петиш-уверт’ (карташки термин), закривајќи една карта; зад него стоеше неговата млада жена, налактена на сролот.”
Значи, пламена тага, тешко страдање, два обида животот да се заврши co самоубиство, а само една година подоцна – се’ е во ред, тој има млада жена, среќен е, се весели, се’ е заборавено! Обземен co тие мисли, писателот оди на гости кај Атанасие Иванович! Пет години… Тој најверојатно одамна ja заборавил својата сопруга! Анастасие Иванович го послужува својот гост. На крајот на масата се принесуваат мнишки (јадење слично на колачиња од сирење). Тогаш се случува нешто неочекувано за гостот.
„Ова јадење е она што по… пo… покој… покојната…” – Анастасие Иванович не може да крaj да го изговори овој збор, од неговите очи потекуваат солзи и тој плаче исто толку неутешно, како што плачеше по погребот. Времето воопшто не можело да му ја ублажи болката поради губењето на блискиот човек!
Уште еднаш ќе повторам. Гогољ беше православен и одлично ja знаеше простата вистина, коja ce обидуваше да ја илустрира во оваа приказна: разбрануваноста и пламеноста на чувствата воопшто не зборуваат за нивната длабочина. Како по правило, вистинското чувство изгледа тивко, ненаметливо и незабележливо.
Надворешната пламеност во голема мерка сведочи за недостатокот на внатрешно чувство и сета сила оди на надворешното. Животот на душата во дадениот случај може да се спореди co море. За време на бура, ветрот создава големи бранови и би требало да се спуштиме во длабочината, каде што гледаме мир и тишина: се потресуваат само површинските слоеви на водата.
Напротив, постојат и длабоки водни струи, како што е Голфската, на пример. Тие пренесуваат огромна количина вода, која ја менува климата на местата каде што го заплискува крајбрежјето; меѓутоа, ова однадвор е скоро и незабележливо, бидејќи на површината нема огромни бранови…
Ќе продолжи…
Пренесено од книгата “Света тајна брак – Поуки на Православната црква за бракот и семејството”