Aрхимандрит Даниил Гувалис, богослов, писател
Kлитоc J.: Имавте голем благослов Божји да живеете мошне близу до старецот Порфириј, о. Даниил, и тоа долги години. Be молиме најпрво да ни ja опишете неговата личност, а потоа кажувајте ни за излевањата на благодатта Божја преку него.
о. Даниил Г.: Старецот Порфириј беше дар Божји за Црквата. Бог ни испрати голема светлина во мракот во којшто живееме преку старецот Порфириј. My благодариме на Бога што му го даде овој толку голем дар на нашево време, и што го одржа во живот цели осумдесет и шест години.
Човек се чувствуваше пријатно покрај старецот Порфириј. Врз никого тој не вршеше притисок. Сакаше оној што доаѓа кај него да го прави тоа што си го прави, сосема слободно.
Секогаш им велеше на свештениците дека кога како духовни отци ги насочуваме на нивниот пат оние што се исповедаат кај нас, треба секогаш да ја почитуваме нивната слобода. Постојано нагласуваше дека христијанството е слобода.
Многупати се навраќаше на онаа позната случка кога Христос рече нешто што многумина ги соблазни, па почнаа да си заминуваат, се’ додека не заминаа сите, a останаа само ученици те Негови. Тогаш Господ им рече дека се слободни доколку сакаат и тие да си заминат. Светото Евангелие според Јован забележува до збор:
„Од тоа вpeме мнозина од Неговитe ученици се повлekoa и не одеа веќе co Него. Toгаш им рече Исус на Дванаесетте: Да не сакате и вие да си отидете?” (Joван 6, 66 – 67).
Исто така, старецот имаше висока, развиена црковна свест. Ги почитуваше црковните лица и хиерархијата во Црквата. Велеше:
„Ако ги расипам моите односи co епископот, ако епископот ми се налути, мојата молитва нема да се искачува на небото”.
Многу ја сакаше химнографијата. Многу внимаваше на каноните на големите Господови и Богородични празници и го испитуваше значењето на секој збор од канонот.
Често сакаше да зборува за љубовта. Имаше обичај да напомнува дека омразата ја валка душата. Уште велеше, кога некој наш брат има проблем, да се собереме сите заедно и заеднички да се помолиме за тоа.
За љубовта кон Христа зборуваше постојано. „Кога Го љубиме Христа”, велеше, „нашата душа е слободна од стравот”. Често ги подвлекуваше зборовите на свети Јован Богослов: “Љубовта го изгонува стравот”.
Старецот Порфириј не прифаќаше да се занимава co негативни нешта; сакаше се’ да биде светло и позитивно.
Велеше: „Се наоѓаш во една темна соба и мафташ co рацете обидувајќи се така да го истераш мракот. Нема да го истераш така. Отвори го прозорецот да влезе светлина и тогаш мракот ќе си отиде сам од себе. Светлината е таа што го изгонува мракот.
Да се вдлабочиме во Светото Писмо, во житијата на светителите, Отците; таму е светлината што го изгонува мракот.” Многу често ја користеше оваа слика.
Клитос Ј.: Постои ли нешто, о. Даниил, што кај него особено Be трогнало?
о. Даниил Г.: Еден ден, за време на окупацијата, старецот Порфириј одеше накај областа Ликавиту. Како што одеше, забележа една непријатна сцена.
Некој германски војник ја беше турнал една девојка покрај шупата на една куќа за да ја обесчести. Личеше на птичка што паднала во канџи на сокол. На нејзиното лице и во движењата се читаше болка.
Испушташе некои слаби гласови на борба и страдање. Германецот и кажуваше слатки зборови за да ја смири.
Bo меѓувреме, соседството дозна за случката и сите од прозорците и по праговите гледаа што ќе се случи. Здогледаа еден свештеник како оди накај оние двајца.
Соочен co оваа ужасна сцена, отец Порфириј преживуваше голема душевна болка. Мораше да најде начин да ја спаси девојката. He му беше важно што се изложува на опасност пред суровиот Германец, ги насочи чекорите накај него.
Во себе силно се молеше да се пројави Божествената благодат. Штом се доближи доволно близу, ги крена рацете високо и изгледаше како да го преколнува Германецот или како да бара од Бога да ја пројави Неговата милост.
Глетката на еден свештеник co кренати раце, светлиот израз на неговото лице и, најмногу од се’, Божествената благодат што се криеше во него, го направија чудото.
Германецот смекна. Се откажа од намерата и ја ослободи девојката. И додека старецот Порфириј си го продолжуваше патот, луѓето кои од своите домови ja следеа случката му ја изразуваа својата поддршка. Го правеа тоа колку што можеа и колку што им дозволуваа оние тешки времиња.
Kлитоc J.: Што имате да ни кажете за неговиот дар на проѕорливост и пророкување?
о. Даниил Г.: Овие два негови дара секогаш не’ оставаа без збор. Се разбира, такви случки има безброј. Ќе дадеме неколку посликовити примери.
Додека беше на поликлиниката, праша еден човек, кој беше отишол таму да се исповеда, од каде е родум. Тој му рече дека е од селото Елија (Западен Пелопонез).
Тогаш го праша дали има куќа надвор од селото, во нивите. Кога оној му одговори потврдно, старецот му рече дека под имотот каде што се наоѓа куќата помину ва река. Човекот се зачуди, зашто никогаш не беше насетил такво нешто.
По неколку години, едно странско друштво што отиде во тој кpaj да направи дупчења под земјата co намера да најде нафта, дупчеше и на неговиот имот. Кога дупчењето стаса до 40 метри длабочина, изби вода, која да не успееја да ја сопрат, ќе ја поплавеше целата област.
Kлитoc J.: Толку многу.
о. Даниил Г.: Да. Да Ви го кажам и ова. Еден студент, што ја отслужуваше воената обврска во една касарна што се наоѓа овде близу каде што живеам, побара од мене да го одведам да го запознае старецот.
Штом отидовме, старец Порфириј го праша од каде е, а тој му одговори дека е од едно село на Западен Пелопонез. Тогаш старецот му рече:
„Какви силни ветрови дуваат во тие планини на твоето село”. А студентот: „Знаете како ги нарекуваат во моето село овие планини? – Ветровити планини”.
Клитос Ј.: Прекрасно.
о. Даниил Г.: Еднаш, отидов во неговата келија, беше 19 октомври, доцна попладне. Го прекинав без да сакам, зашто во тој момент ‘се наоѓаше’ на Кефалонија, каде што се служеше празнична вечерна на свети Герасим.
Ги гледаше, како што ми рече, свештениците, епископите, безбројниот народ и го слушаше пеењето. Ми опиша до најмала подробност што се случуваше во тој миг во манастирот на Свети Герасим на Кефалонија.
Еднаш телефонираше во Брисел, каде што беше на служба едно негово духовно чедо, во тамошната воена морнарица, во една подморница на НАТО. My рече дека на местото каде што кружат co подморницата, под морето, се наоѓа карпа и дека треба да внимаваат.
Офицерите го проверија местото што им го посочи старецот, ja лоцираа карпата и дадоа наредба подморницата повеке да не поминува оттаму.
Клитос Ј.: Случките што ги сведочат
Божествените дарови на старецот Порфириј се толку многубројни, што човек не знае која попрво да ja каже и на што повеќе да се чуди.
о. Даниил Г.: Ha 15 јули 1974 година патуваше co некои духовни чеда во Македонија. Во колата слушнаа од радиото дека се случил преврат на Кипар и дека е убиен архиепископот Макариј. Старецот се сврте и им вели на духовните чеда:
„Ова е грешка. Макариј не е убиен”. Навистина, од следните вести дознаа дека архиепископот Макариј е жив.
Клитос Ј.: Ете ти чудо!
o. Даниил Г.: Да се соберат само случките што ги покажуваат даровите на проѕорливост и на пророкување на старецот, може да се исполнат цели томови.
…
Пренесено од книгата „Старец Порфириј“ од Клитос Јоанидис