СОСТОЈКИ ЗА ПОСНИТЕ ПЕРЕЦИ

– 800 грама брашно,

– лажиче сол,

– лажиче шеќер,

– 2 филџани масло,

– 20 грама квасец,

– ½ литар млака вода,

– сусам или ким.

ПОСНИТЕ ПЕРЕЦИ СЕ ПОДГОТВУВААТ НА СЛЕДНИОТ НАЧИН:

1. Квасецот потопете го во малку млака вода, додајте лажиче шеќер и оставете го да стои 20 минути.

2. Нараснатиот квасец замесете го со 2 филџани масло, лажиче сол, ½ литар млака вода и 800 грама меко брашно.

3. Тестото добро замесете го, додека не почне да се одвојува од садот.

4. Оставете го тестото за переци на топло место да надојде.

5. Земајте едно по едно парче тесто и правете переци.

6. Пред печењето оставете ги во плехот половина саат да нараснат, посипете ги со сусам (или ким, по желба) и печете ги.

Претходна статијаПосна паштета од ореви
Следна статијаПосна сарма од листови од винова лоза