СОСТОЈКИ ЗА ПОСНА САРМА ОД ЛИСТОВИ ОД ВИНОВА ЛОЗА:

– 30-40 листови на винова лоза,

– 1 шолја ориз,

– 1 морков (изрендан),

– ½ кг кромид (исецкан),

– масло,

– 1 компир (изрендан),

– 50 грама лушпи од соја (попарени),

– 50 грама сончоглед (сомелем),

– сол,

– црн пипер,

– црвен пипер.

ПОСНАТА САРМА ОД ЛИСТ ОД ВИНОВА ЛОЗА СЕ ПОДГОТВУВА НА СЛЕДНИОТ НАЧИН:

1. Листовите од винова лоза прелијте ги со врела вода и оставете ги во садот да омекнат.

2. Посебно на шпоретот загрејте масло, додадете го кромидот и пропржете го.

3. Ставете црвен пипер и додајте го варениот ориз и сите други набројани состојки.

4. Дотерајте го вкусот на филот по желба.

5. Во садот во којшто ќе се готви сармата сипете масло, ставете некој лист одоздола, па потоа внимателно редете ги свитканите сарми.

6. Откако сите сарми ќе ги свиткате и наредите во садот, одозгора прекријте ги со лисја од винова лоза, притиснете ги благо со голем капак, сипете вода да ги потопите и гответе на тивок оган.

7. Запржете ја сармата со запршка со малку брашно, но без црвен пипер.

Претходна статијаПосни переци
Следна статијаМаринирана брокула