КАНОНАРХИСУВАЊЕ НА МРАЧНИТЕ СИЛИ
Денес кутрите деца ги упропастуваат co разни теории. Затоа се збунети и зашеметени. Детето сака едно, а прави друго. Сака да оди на едно место, но духот на времето го носи на друго.
Темните сили, заведувајќи ги децата кои не размислуваат многу, вршат силна пропаганда. Во училиштата некои учители велат:
„Преземете иницијатива, не почитувајте ги родителите, не покорувајте им се” и така ги уништуваат децата. Па децата после не ги почитуваат ни родителите, ниту учителите. Имаат оправдување, затоа што мислат дека така треба да прават.
Државата ги поттикнува на тоа, им диригираат и ги искористуваат оние што не се грижат ниту за татковината, ниту за семејството, ниту за било што, само за да ги остварат своите планови.
Е, токму ова малку по малку и’ нанесе многу зло на денешната младина, толку зло, така што децата дојдоа во ситуација за свој водач да го имаат рогатиот ѓавол!
Служењето на сатаната е многу распространето. Слушам дека во некои дискотеки no цела ноќ пеат:
Сатано, тебе тe обожуваме; нв го сакаме Христа. Ти ни даваш се’. Страшно! Што ви се дава, a што ви се одзема, кутри деца!
Младите се раздразнети од кафињата, од цигарите… Па како тогаш да видиш бистар поглед, како да ја видиш Божјата благодат на нивните лица! Еден архитект беше во право кога им рече на една група момчиња што ја доведе на Света Гора:
„Нашите очи се како очите на расипана риба”.
На Света Гора дојде co десет момчиња од осумнаесет до, отприлика, дваесет и пет години. Тој духовно се преобратил, но се сожалил на младите кои живееле развратен живот. Успеал да влијае на некои од нив, ги убедил и им купил билети за Света Гора. Само што излегов од ќелијата, кога ги сретнав на пат. Им реков:
– Веќе излегов, ама ајде да седнеме малку.
Така седнавме. Bo тој час дојдоа и некои деца од Атонијадата.
– Седнете и вие малку овде – им реков.
И тие седнаа. Потоа архитектот им рече на момчињата што дојдоа co него:
– Дали забележавте нешто? – Тие се збунија. – Погледајте ги своите лица и погледајте ги лицата на овие деца. Гледате ли како нивните очи сјаат, а нашите се .
И навистина, кога обратив внимание, видов дека е токму така: очи како на расипана риба. Матни, сменети… А очите на оние деца сјаеја. Децата од Атонијада прават метании, учествуваат на богослужбите.
Човекот се познава по очите. Затоа Христос рекол: Твоето око е светило на твоето тело. Ако твоето око е здраво и целото твое тело ќе биде светло; а ако биде лошо и твоето тело ќе биде темно /Лк. 11, 34/.
Колку млади доаѓаат на Света Гора или заминуваат во други манастири, стануваат монаси и иако, како што би се рекло, таму немаат бонбони, сепак стекнуваат толкава радост, така што нивните лица зрачат. A овие другите и покрај тоа што дома имаат се’ што ке посакаат, живеат како во пеколот, се мачат.
До нас допираат многу струи од сите страни. Од исток хиндуизмот и други мистични религии, од север – комунизам, од запад еден куп теории, од југ, од Африканците – магија и многу други болести.
Едно момче заразено од овој дух, еден ден дојде во мојата ќелија. Сфатив дека го доведоа молитвите на неговата мајка. Бидејќи прилично долго разговаравме, му реков:
– Внимавај, делијо, најди духовник да те исповеда и да те миропомаза за да ти помогне за почеток. Треба да те миропомази, затоа што си се одрекол од Христа.
Се расплака, кутриот.
– Моли се, оче, затоа што не можам да го заборавам сето тоа – ми рече. – Како да ми е испран мозокот. Сфаќам дека само молитвите на мојата мајка ме доведоа овде.
Колку помагаат мајчинските молитви! Пропаѓаат, бедните, кога ќе ги прелажат, и потоа ги опфаќа страв, напнатост, излез наоѓаат во дрогата… Од еден амбис пропаѓаат во друг. Да ги заштити Бог co Својата десница!
Старче, има ли смисла да им се каже дека тоа се сатански работи?
Како да не! Но тоа треба да се направи многу внимателно.
Како може таквите млади да го познаат Христа?
Како да го познаат Христа, кога пред да се запознаат co православието одат во Индија кај некој гуру, остануваат таму две-три години, се заблудуваат со магија, учат дека во православието постои мистицизам и после доаѓаат овде и бараат
да видат светлина, да доживеат возвишени состојби…?
И ако ги прашам: „Колку време помина откога си се причестил?”, ќе ми речат:
„He ce сеќавам; мајка ми ме носеше да се причестам додека бев мал”.
„Дали некогаш си се исповедал?” „А, тоа мене не ме интересира”.
Е, тогаш за што има да се разговара? He знаат баш ништо за православието.
Старче, како да им се помогне?
Од моментот кога за Црквата ќе почнат да велат „заостанато”, навистина – како да им се помогне? Сфаќаш колку можеме да се разбереме? Но на младите кои имаат добро настроение, може да им се помогне и тие приоѓаат кон Црквата.
Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од старец Пајсиј Светогорец (Трета глава: Нова генерација)