ЗА ЗЛОПАМТЕЊЕТО – Св. Јован Лествичник

„Познавав луѓе коишто во настап на налудничав бес се ослободиле од дамнешно злопаметење, кое се криело во нив, па така, со помош на страст се избавиле од страста, добивајќи од оној што ги навредил извинување или објаснување во врска со она што долго ги мачело.

Имам видено, пак, и такви луѓе кои привидно трпеле, но неразумно, под плаштот на молчењето, го криеле своето злопаметење.

И дојдов до заклучок дека таквите луѓе се победни од лудаци, зашто белината на гулабот како со некоја црнина ја покривале…

Гневот е израз на потајна омраза те. злопаметење. Гневот претставува желба да му се случи зло на оној којшто не разлутил.

Импулсивноста е запалување на срцето во невреме.

Огорчувањето е непријатно чувство кое се вгнездува во душата. Гневот е променлива состојба на карактерот и грдотија на душата.

Како што темнината ја снемува кога ќе блесне светлината, така и мирисот на смирението ја потиснува секоја горчина и бес.

Има луѓе склони кон гневот кои не се грижат за лекување и искоренување на оваа страст.

Тие јадници не мислат на она што е речено:

Тежината на срдбата (гневот) негов го оборува (Сир. 1,22).“

Претходна статијаСекој е должен да служи!
Следна статијаСекогаш да бидеме подготвени за искушенијата!