Потребни состојки:

½ шолја ориз

1 супена лажица путер

1 супена лажица брашно

1 морков

½ литар млеко

½ литар вода

магдонос

сол, црн пипер

Постапка:

Оризот сварете го во вода, процедете го па испасирајте го. Сочувајте ја течноста.

На путер пропржете лажица брашно, додадете млеко, „оризовата вода“, рендан морков, сол, пипер, па ставете да се готви.

Кога смесата е сварена, додадете го испасираниот ориз и сечкан магдонос, промешајте и оставете само малку да зоврие, па тргнете од оган.

Претходна статијаХумус – рецепт
Следна статија(Видео за луѓето со оштетен вид) Молитва на Господа за секој ден – Преподобен Филарет Московски – Чудотворец.