НЕМОЈ САМО ДА ИЗГЛЕДАШ КАКО МОНАХ…
„ Како што е невозможно кога се оди да не се „сече“ воздухот, така е невозможно и човековото срце да не биде напаѓано од демоните или тајно да не биде поттикнувано од нив, без разлика колкав е телесниот подвиг на човекот.
Ако посакуваш да бидеш „во Господ“, немој само да изгледаш како монах, како добар и кроток, и како секогаш едно со Бог; реши се вистински да бидеш таква личност.
Со сета своја сила стреми се кон трезвеноумие – тој чувар и стражар на умот, тоа совршено безмолвие на срцето и таа блажена состојба на душата кога во неа нема претстави, што премногу ретко се наоѓа кај човекот.
Ова е патот на вистинската духовна мудрост.
Со големо трезвеноумие и непоколеблива желба чекори по него со Исусовата молитва, со смирение и собраност, чувајќи ги неми усните и на сетилата и на умот, со воздржание во храната и пиењето, како и во сите похотливи нешта;
чекори по него со ум извежбан во познание, и со Божја помош ќе те научи нешта на кои не си се ни надевал;
ќе ти даде такво знаење, такво просветлување и поучување какви што твојот ум не можел да прими додека сѐ уште си чекорел во темнината на страстите и мрачните дела, потопен во заборавот и смутот на хаосот.“
Свети Исихиј Презвитер