ЉУБОВ КОН БЛИЖНИОТ

• Од учењето на отците знаеме дека постојат два вида на љубов кон ближниот: природна љубов и евангелска љубов, или во Христа. Природната во нас е засадена за време на создавањето, па затоа постои во секој човек. Таа, како и другите добри својства, е повредена co падот или co прародителскиот грев; затоа во секој човек е подложена на поголеми или помали, краткотрајни или долготрајни промени.

Христос, Кој на чудесен начин ги исцели сите наши недостатоци, ја исцелува и повредената љубов. Он заповеда во луѓето да Го љубиме Hero – Господа.

Co тоа љубовта ја изнесува на највисок степен на разумност и дарува чистота, духовност, светост – и co пламената љубов во Христа го гаси хаотичниот пламен на телесната љубов, која е измешана и составена од имагинарни, непостоечки наслади и жестоко, убиствено мачење. Чувството на духовна љубов го водело перото на свети Јован Лествичник, кога напишал:

“Љубовта кон Бог ја гаси љубовта кон родителите и кон другите блиски по тело; оној кој вели дека ja има и едната и другата љубов, ce залажува”.

Тој, исто така рекол:

„Огинот се гаси co огин, т.е. телесната љубов co Божествената љубов”. Кога внимателно ќе се видиме себеси, co Божја помош ќе увидиме дека во најдобар случај имаме природна љубов, а евангелската допрва треба да ја стекнеме.

Укажувај му почит на ближниот како на образ Божји – почит во душата, невидлива за другите, кoja e очигледна само за твојата свест. Твоето дејствување таинствено нека му одговара на твоето душевно расположение.

Укажувај му почит на ближниот, не правејки разлика според возраст, пол, сталеж – и во твоето срце постепено ќе почне да се јавува светата љубов.

Причина за таа света љубов не е телото и крвта, не е сетилната привлечност, туку – Бог.

Оние кои се лишени од славата на христијанството, не се лишени од другите слави добиени за време на создавањето: дека се образ Божји. Ако образот Божји биде фрлен во страшниот адски пламен. јас и таму треба да го почитувам.

Што ми е гајле за пламенот и за адот! Таму, според судот Божји е турнат образот Божји; мое е да ja зачувам почитта кон образот Божји и co тоа себеси да се сочувам од адот.

И на слепиот, и на лепрозниот, и на умно пореметениот, и на детето на градите, и на разбојникот, и на незнабожецот укажи им почит како на образ Божји. He треба да те засегаат нивните слабости и недостатоци! Внимавај на себе, за ти да немаш недостаток во љубовта.

Укажи им почит на Христа и на христијанинот, на Христа, Кој за поука ни рекол и пак ќе рече за време на решавањето а нашата вечна судбина: „Доколку сте го направиле на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле” (Мат. 25, 40)

Обраќајќи му се на својот ближен, имај ja на ум оваа изрека од Евангелието и ќе станеш миленик на љубовта кон ближниот.

Миленикот на љубовта кон ближниот влегува co неа во љубов кон Бог.

Ho, ако мислиш дека Го љубиш Бог, а во твоето срце има непријателско расположение, макар и кон еден човек, тогаш се наоѓаш во тажна самоизмама.

„Ако некој рече: ‘Гo сакам Бога’, а го мрази својот брат, лажец е… И таа заповед ja имаме од Hero: кој Го сака Бога, да го сака и братот свој” (1. Jов. 4,20-21).

• За понижување на ближниот следува губење на љубовта. Губењето на љубовта е обележје на примање на демонски помисли, како што обележје на примање на семето на благодатта – е умножувањето на љубовта кон ближниот.

• Преподобниот авва Доротеј, зборувајќи за љубовта кон ближниот ги споредува Христовите подвижници co линиите кои одат од работ на кругот кон неговиот центар… Колку се поблиску до центарот, поблиску се една до друга. И Христовите подвижници, колку повеќе му се приближуваат на Бог, поблиску се еден до друг во вистинска љубов.

• Евангелието заповеда љубов кон непријателите: светите отци ја фалат љубовта која кон сите е иста. Зарем на љубовта кон ближниот не треба да и’ биде туѓо секое правење на разлика? Ете за што сега сакам да ви зборувам. Би сакал за тој предмет да ви кажам не мој, туку Божји збор: милосрдниот Бог нека ми го подари тој збор.

Ја разбирам само онаа љубов која дејствува според свештените заповеди на Евангелието, во неговата светлина, љубовта која и самата е – светлина. Друга љубов не знам и не признавам.

Љубовта која го воздигнува светот, која луѓето ја сметаат за своја, запечатена е co падот и не е достојна да се нарече љубов: таа е извитоперување на љубовта. Затоа толку непријателски е расположена кон светата и вистинска љубов.

Вистинската, света љубов кон Бог и ближните јасно е претставена во евангелските заповеди. Нејзиното правилно и непорочно дејствување се покажува преку исполнувањето на евангелските заповеди. Кој Me љуби Мене – рекол Господ – ги почитува Моите заповеди.

Bo таквата љубов не може да има ниту фантазии, ниту телесен жар, бидејќи почетниците ги извршуваат Христовите заповеди co присила над себе, co таква присила што се нарекува распетие, а оние кои напреднале и почувствувале осенетост co благодат, ги извршуваат co силно чувство на мир Христов. Мирот Христов е некаква фина духовна ладовина; кога ќе се разлее по душата, таа е во возвишено молчење, во свештено мирување.

Ho, истото тоа Евангелие ни заповеда да бидеме внимателни co своите непријатели и да не им веруваме. „Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци – им рекол Господ на Своите ученици – бидете мудри како змии и незлобни како гулаби. Пазете се од луѓето, зашто тие ќе ве предадат на судовите, и по синагогите нивни ќе ве бијат… И ќе бидете намразени од сите заради Моето име” (Мат. 10,16, 17, 22).

Значи, Евангелието препорачува внимателност во однос на непријателите, и no можност, мудро однесување co нив. Непријателството предизвикува дух на светот; тоа често доаѓа на местото на телесна љубов.

Но и телесната љубов е многу слична co непријателството. Само потомокот на стариот Адам е способен за телесна љубов и непријателство; и колку во него е пожив стариот човек, толку посилно дејствуваат болестите co кои падот ja поразил љубовта: непријателство, завист, љубомора, телесна љубов. Слугата Христов не може да биде ничиј непријател.

Гледате Евангелието каква љубов ни пропишува кон непријателите – не слепа, не неразумна, туку осветена co духовно расудување. Љубовта е светлина; слепата љубов не е љубов.

Слично треба да се каже и за љубовта кон пријателите. Евангелието заповеда тоа да биде љубов во Христа, за Христос да биде љубен во ближниот, a ближниот љубен како Божјо создание. Поради таа љубов во Бога и заради Бога, светите Божји угодници имале еднаква љубов кон сите, а особено ги љубеле оние кои живееле благочестив живот, како што рекол пророкот Давид:

Многу ги почитував Твоите пријатели Господи. Учениците чувствувале поголема наклонетост кон оние наставници, во кои гледале посебна обилност на духовното познание и други духовни дарови.

Наставниците повеќе ги љубеле оние свои духовни чеда, кај кои уочувале посебна грижа кон добродетелите и посебно дејствување на Божјата благодат. Таквата љубов, Koja им оддава должна почит на луѓето според степенот на нивната побожност, воедно кон сите е еднаква, бидејќи е во Христа и во сите Го љуби Христа. Еден сад прима повеќе од духовното богатство, а друг помалку. Ho, Богатството е – едно!

• Љубовта на христијанинот кон Бог е љубов кон Христа. (1. Jов. 2, 23), а љубовта кон ближниот е љубов кон Христа во ближниот: засакувајќи го ближниот, засакувајќи го во Господа, т.е. според Господовите заповеди, ние стекнуваме љубов кон Христа, а љубовта кон Христа е љубов кон Бог. Сојузот на Божјата љубов co љубовта кон ближниот најдобро е претставен во посланијата на свети апостол и евангелист Јован Богослов.

Според неговото учење, невозможно е да се засака Бог, а претходно да не се засака братот. Љубовта кон братот се состои во исполнување на Господовите заповеди во однос на него (2. Jов. 1,6).

Истото учење го објавува и светиот наставник на монаштвото, преподобен Антоние Велики, кој велел:

„Од ближниот зависат и животот и смртта на душата. Добивајќи брат, Го добиваме Бога; соблазнувајќи го братот, грешиме против Христа”.

Преподобен Јован Колов, еден од најголемите отци на египетскиот скит, рекол:

„He може да се подигне дом ако се почне одозгора, туку градбата треба да се почне од темел и да се подига нагоре”. Го прашале: „Што значи темел”. 0дговорил: „Темелот е нашиот ближен: треба да го стекнеме и да почнеме од него. На него почиваат сите Хрис тови заповеди”.

Преподобен Марко Подвижник:

„Невозможно е да се спаси поинаку, освен преку ближниот”. Слично расудуваат и учат сите Свети Отци; тоа е општо христијанско учење, учење на Црквата, учење Христово.

Обрни внимание на стекнување љубов кон ближниот, како на основа на твојот живот… Засакај го ближниот според упатството на евангелските заповеди – никако не според страстите на твоето срце. Љубовта која Бог ја засадил во нашата природа е повредена co падот и не може правилно да дејствува. Никако не дозволувај и да дејствува! Нејзиното дејствување е лишено од непорочност и му е омразено на Бог, како осквернета жртва! Плодовите на нејзиното дејствување се погубни и убиствени за душата.

Ближниот засакај го на следниот начин: не гневи се на него и не злопамти; не си дозволувај да му зборуваш на ближниот било какви прекорни, навредливи, исмејувачки зборови; чувај го мирот co него колку што можеш; смирувај се пред него; не осветувај му се ниту директно, ниту индиректно; во ce’ што можеш да му попуштиш, попушти му; откажи се од спротивставување и спорење, отфрли ги како обележје на гордоста и на самољубието; зборувај добро за оние што те озборуваат; за зло плати co добро; моли се за оние кои ти приредуваат разни страдања, навреди, искушенија и гонења (Мат. 5, 21-48).

Никако, под никаков изговор, не осудувај никого, дури не суди дали некој е добар или лош, имајќи го пред очи единствениот лош човек за кого треба да одговараш пред Бога – себе.

Кон ближните постапувај онака, како што би сакал да постапуваат кон тебе (Мат. 7, 1-12). Од длабочината на срцето простувај им ги нивните прегрешенија против тебе, за и Отецот Небесен тебе да ти ги прости безбројните прегрешенија, твојот страшен гревовен долг, кој може засекогаш да те турне и да те затвори во адската темница (Мат. 18, 23-35).

Немој да се врзуваш, особено не co блудна страст, за твојот ближен; под ближен се подразбира не само машки, туку и женски пол. Ако пак застрелан од ѓаволот co стрела, сепак, неочекувано бидеш заразен, немој да паѓаш co духот, знаејќи дека ние во себе ја носиме способноста да се заразиме co секакви страсти, што им се случувало и на големите светители; co сета сила потруди се да се излечиш.

На крајот: не повредувај го брата си co многуречитост, празнословие, блискост и слободно однесување co него. Така однесувај се кон ближниот, па ќе ја најдеш и ќе ja стекнеш, од Бога заповеданата и на Бог угодната, љубов кон него; co неа ќе си го отвориш влезот во љубовта Божја.

Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од Свети Игнатиј Брјанчанинов

Претходна статијаМОЛИТВА НА ПРОРОК ЈОНА – (Јона 2, 3-10)
Следна статијаНЕМОЈ ДА ГО ЗАМРАЗИШ НИ ОНОЈ КОЈ ТЕ КЛЕВЕТИ…(Љубов кон непријателите – Свети Игнатиј Брјанчанинов