ПРАШАЊЕ:
Дали Црквата дозволува да се остава храна на гробот на покојниот при посета на гробот, за време на помените или кога се задушници?
ОДГОВОР: Словото Божјо јасно кажува:
“Добри јадења принесени пред затворена уста исто се што и јадењата ставени на гроб” (Сирах.30,18).
Оставената храна на гробовите нема да биде изедена од покојниот, туку од бездомните животни кои потоа ќе ги осквернат и гробовите.
ПРАШАЊЕ: Кога се извршува помен на гробишта, може ли да се посети и друг гроб?
ОДГОВОР: Може, и тоа е за поздравување. Покојниците нема да се налутат еден на друг ако некој дошол на некој гроб на помен, па го посетил и гробот на својот родител, близок, пријател…
ПРАШАЊЕ: Како и колку време да се тагува за починатите?
ОДГОВОР: Кажано е кај ап. Павле до солуњаните: “…He тагувајте како другите што немаат надеж”.
И премудриот Исус, син Сирахов, советува:
“Синко, солзи пролеј над умрен и, како да си во голема несреќа почни да плачеш;
пристојно облечи му го телото и не однесувај се небрежно кон погребението негово.
Горчливо плачи и co чувство – ридај; и, според достоинството негово продолжи да жалиш по него, ден или два, за да ја одбегнеш осудата, а потоа утеши се од жалоста.
Зашто од тагата настанува смрт; преголемо искрено жалење ги истоштува силите”. ( Муд. Сир. 38,16-18).
Прекумерната тага и жал го покажуваат неверието и создаваат бунт, а отсуството на тага пак создаваат егоизам и жестокост.
Зашто, дури и Спасителот Христос плачел за починатиот Лазар:
“Исус, пак, кога ја виде (Марија) како плаче, и Јудејците што беа дошле co неа како плачат, се натажи и се возмути, па рече: “каде сте го положиле?” My рекоа:
Господи, дојди и види! Исус просолзи.” (Jов. 11,33-36,38).
ПРАШАЊЕ: Ако некој имал свадба или крштевање во текот на годината, дали може да оди и на погребение на свој близок?
ОДГОВОР: Може. “Бог не е Бог на мртви, туку на живи” (Мат. 22,32), а и нашите покојници ги делат радостите и тагите co нас живите.
И тие се молат за нас и можат да ни помогнат. Тоа се гледа и од Светото Писмо:
Господи Седржителе, Боже Израилев, послушај ја молитвата на умрените од Израилот и на нивните синови, кои згрешија пред Тебе, кои не го послушаа гласот на Господа, својот Бог, па затоа не’ снајдоа неволји.” (Вар. 3,4)
ПРАШАЊЕ: Точно ли е дека покојниците спијат и се во состојба на бессознание во гробот до денот на Второто Пришествие?
ОДГОВОР: Тоа е еретичко лажно мудрување. Бог не е Бог на тие што спијат, туку на живите (Мат. 22,32).
Господ Исус Христос му вели на разбојникот кој е распнат од Неговата десна страна:
“Денес ќе бидеш co мене во рајот” (Лук. 23,43). Богатиот и бедниот Лазар исто така ја примија својата заслужена награда, односно казна, веднаш no нивната смрт.
“И во пеколот, кога беше во маки, ги подигна очите свои и го виде оддалеку Авраама и Лазара… и рече:
Оче Аврааме, смилувај се на мене и прати го Лазара да го накваси својот прст во вода и да ми го разлади јазикот, оти многу страдам во овој пламен!” (Лук. 16,22-25).
Овие евангелски зборови го потврдуваат фактот дека душите на покојните се во будна состојба и свесни за сите свои постапки од земниот живот.
ПРАШАЊЕ:
Многумина упорно тврдат и веруваат дека го гледаат ликот на покојникот на врвот од шише полно co вино, на четириесеттиот ден, односно на самиот помен.
Дали е можно тоа?
ОДГОВОР: He, не е можно. Тоа е суеверие. Авторот на овие редови при една прилика посака самиот да се увери во тоа што обично некои го шират и веруваат.
Но, навистина ништо не се гледаше, барем за моите очи.
Или така им се создава некакво привидение или пак демонските сили прават некакви ликови за да го одвратат вистинското молење и молитвата што треба да се упати кон Господа за покојникот, a вниманието го свртуваат на друга страна.
“Од погани и бапски приказни одбегнувај, и облекувај се во набожност” (1 Тим. 4,7) предупредува св. Апостол.
ПРАШАЊЕ: Постои верување кај поединци дека до 40-от ден од телесната смрт, ако во тој период се совпадне и Задушница, да не се прават мали помени на пресен гроб.
ОДГОВОР: Тоа е нешто најлошо за душата на покојниот.
Порано кажавме дека ако на душата и’ се потребни нашите молитви и помени, таа помош и’ е најпотребна во првите четириесет дена од телесната смрт додека ги минува митарствата, зашто на 40-тиот ден ќе се одлучи за нејзиното блаженство или мака.
ПРАШАЊЕ: Дали е дозволено во посен ден да се готват мрсни јадења за погреб или помен?
ОДГОВОР: Во никој случај. Пожелно е и кога се блажи да се раздава риба, отколку во посен ден да се дели мрсна храна. Затоа, блиските на покојникот треба на време да се информираат.
ПРАШАЊЕ: Постои верување дека ако во една година умрат две лица што се во блиски роднински врски, треба да се заколе некое животно (најчесто кокошка) како курбан, co што би се умилостивил Бог да не умре и трето лице од фамилијата.
Дали е тоа верување во духот на верата?
ОДГОВОР:
Господ крвна жртва не прима, а посебно пак ваква. Господ е наш небесен Отец. Тој сите нас не’ милува и не’ сака.
А кога треба да не’ земе, тоа е Негова волја. Нели рековме дека за Господ Бог сите се живи.
Затоа, принесување курбани, при што животните не се колат, туку им се тегне главата сосила за да се прекине, е голем грев, срамота и степен на ниска култура и непознавање на својата вера.
Овој чин повеќе го прават луѓе co низок степен на образование и култура. Треба да се застане на пат на вакви погрешни верувања и суеверија.
Господ Исус Христос, жртвувајќи се Себе на крстот за спасение на светот, ги укина сите други видови крвни жртви.
Курбанот е најголемата навреда на Христовата жртва и доброволно откажување од православната вера.
ПРАШАЊЕ: Можеме ли да се молиме за душите на починатите инославни (неправославни) христијани?
ОДГОВОР: Еден ѓакон го прашал големиот ревнител за црковната дисциплина препод. Теодор Студит (VIII век):
“Може ли да се моли за еден свој близок кој бил еретик – иконоборец?”.
Преподобниот му одговорил; дека е дозволено да се моли за него, но тоа да биде тајно, во својот дом, за да не се предизвика соблазна на другите.
Тоа значи дека можеме да се молиме за инославните, но само во наша лична молитва, но не и да ги запишуваме нивните имиња на Св. Литургија.
ПРАШАЊЕ: Што станува co душите на починатите некрстени младенци и деца? И воопшто co некрстенмте покојници?
ОДГОВОР: Во синаксарот (четиво од утрената на Месопусна сабота) читаме дека некрстените младенци “ниже в пишту, ниже в геену појдут”, т.е. не одат ниту во рај ниту во пеколот.
Епископот Теофан Затворник, на прашањето за некрстените деца, односно младенци, го дава следниот одговор:
“Сите деца се Ангели Божји.
Некрстените младенци, како и сите деца, кои се надвор од верата, нека нивната задгробна судбина ja оставиме на милосрдието Божјо. Божјите патишта се неиспитани”.
А Свети Стефан Витлеемски одговара на истото прашање вака:
“He треба да се отфрлаат младенците, кои се родени мртви и не постоел начин како да бидат крстени (во нив спаѓаат и децата убиени co абортус), тие не се виновни, оти не се крстени.
А во Св. Писмо се вели дека во Небесниот Отец има многу домови, во тој број на домови ќе има место и за децата кои немале можност да го видат белиот свет.
Нивните родители можат да се молат за нив co вера во Божјото милосрдие.
Секоја мајка, која плаче за своите некрстени деца може да се моли кон Човекољубивиот Господ co следните зборови:
Господи, смилувај се на моите деца, кои умреа во мојата утроба, заради мојата вера и моите солзи, а најповеќе заради Твоето милосрдие.
He лишувај ги од Твоето небесно Царство. Господи, не ги лишувај од Твојата Божествена светлина”.
Оние пак, кои не сакале по своја сопствена волја да се крстат, co нив работите стојат поинаку.
За нив нема место и простор за Божјото милосрдие.
Затоа нека не се губи време, туку, час поскоро, нека се крсти секоја душа родена од крстени, христијански души, за да нема плач и ридание по нивната телесна смрт.