ШЕЕСЕТ И ВТОРО ПИСМО
Ќе напишам краток состав за мојот син
Возљубено мое чедо, љубов моја Божествена и осветена, сакам ти секогаш да бидеш здрав!
Сочувај го ова што ти го пишувам, добро запомни го и внимателно читај. Мислам дека ќе ти бидам од голема полза.
Чедо мое, Бог, човекот го создал од земја.
Веднаш, штом целата твар ја создал како градина, Ги создал светилата и го украсил небесниот свод.
Месечината ја создал во текот на ноќта да управува co ѕвездите, како некое кандило co мноштво пламени, големи и мали, кои го украсуваат и разубавуваат небото.
Земјата ја наполнил co мноштво дрвја, мали и големи, co ѕверови и лазачи, co птици од разна големина, кои летаат под небото. Домашните животни ги создал заради човековата полза.
Морето го исполнил co секакви видови риби. Сето тоа било создадено, за да може човекот да го вкуси и да My ce восхитува.
Над сето тоа, создал големо светило, за да управува co денот, за да го загрева и да се грижи за сите co својата топлина и co светлината сѐ да украсува и разубавува.
Ha крајот, Бог го создал човекот, за да владее над сите, како набљудувач, кој е повикан во театар.
О, големино! О, каква чест за човекот!
Сѐ што постои, пее за Божјата слава, и она што е живо, и она што е неоживотворено.
Едното – co својот глас, a другото co движењето на своите лисја.
Сѐ има свој глас, па дури и тревката, која ако ја згазнеш, повикува зашто ѝ е нанесена болка. Мирисот, кој таа го шири, тоа е нејзиниот сопствен глас.
И така, сето она за што говори Светото Писмо, создадено е заради човекот.
Токму поради тоа, Бог го создал човекот после сето останато, кое го создал, за да може човекот сето ова да го види „како многу добро”, па да се насладува и да се весели во созерцание на сето тоа.
Какво било создавањето на човекот?
Бог ја земал земјата, најсмирениот материјал, за да може човекот секогаш да биде смирен: ништо не е посмирено од земјата.
Ја создал таа глинена куќичка, дувнал во неа и ја создал човековата душа…
Како во четири глинени ѕидови, Бог во него го внел Своето Божествено вдахновение, го внел Својот дух.
О, небесна големино!
О, славо и власт над човекот!
Тој е смирена земја, но во исто ореме и Божји дух!
Ќе дојде време, кога тој ќе се измени:
“Земја си и во земја ќе се вратиш” (Бит. 3, 19).
Се исполнува зборот на Создателот.
Но, што ќе биде co тоа Божјо вдахнување, co Божјиот здив?
Како што земјата ќе се врати во земја, така и душата ќе се врати кај Бога, зашто Божји дух е.
Да, но како? Кога произлегла од Бога, таа била миомирисен Божји дух.
Но, дали е и сега таква? He, таа не е веќе таква.
A како повторно ќе стане таква?
Неопходно е нејзиното очистување. Солзи, тага и болка, зашто си Го натажил Бог, својот Отец и Доброчинител, Кој толку те прослави тебе, земјата, и ти Го подари Својот Божествен дух.
Овие покајнички дела ќе те очистат заедно co Неговата благодат.
Според тоа, плачи и тагувај, за да може Бог повторно,ќ да те врати во твојата првобитна состојба.
Kora co горка болка во срцето ќе плачеш за тоа што си згрешил против Бог, и што си Го натажил, паралелно co него ќе те посетат и утехата co радоста. Тогаш се отвораат вратите на молитвата.
Видов еден човек, кој се обиде да ги запре солзите, кога некој влезе во неговата ќелија, но не беше во состојба да го направи тоа. Тие течат така силно, како човекот да е смртно ранет.