...ДЕНЕШНИТЕ ХРИСТИЈАНИ НЕ СЕ ЗА БОРБА…
Старец Пајсиј Светогорец
+++
Треба да имаме расудување!
Некогаш е потребно да се молчи, а понекогаш да се исповеда своето „Вјерују“, зашто носиме одговорност ако не проговориме!
Во овие тешки времиња, секој треба да го направи тоа „што е до него“, а тоа што не е – до него, да го препушти на Бога, така ќе ја смириме сопствената совест дека сме го направиле тоа што сме можеле.
Ако не дејствуваме, коските на нашите предци ќе се превртуваат во гробовите. Тие толку пострадале за татковината, а што НИЕ сторивме за неа?
На Грција и на нејзината православна традиција си завојуваа самите Грци, та зарем и ние треба да молчиме и да гледаме? Страшни е тоа!
Некому му реков:
„Зошто не зборувате: На што ли личи тоа што го прави тој и тој“?
„Што да кажеш оче – ми вели соговорникот,
– „тој е ѓубре“.
Ако го нарекувате „ѓубре“, зошто вие не говорите за тоа? Удрете на него.“ Ништо не направија , го оставија на мира.
Еден политичар тука го искарав, му велам:
„Стани и кажи јавно: не се согласувам со тоа и тоа“.
Тоа е чесна работа .
Но тие ја гледаат само својата цел и не ги интересира што другите работи пропаѓаат.
Доколку христијаните не говорат отворено, ако не се спротивстават на злото, работите уште повеќе ќе се влошуваат.
Ако се спротивстават, пак, другите малку ќе подразмислат!
Но, денешните христијани не се – за „борба“ .
Првите христијани биле „тврд орев“, затоа и можеле целиот свет да го изменат.
А во времето на Византија, една икона изнеле од Црквата, па светот се спротивстави на тоа.
Христос е распнат, за ние да воскреснеме, па зарем треба да бидеме равнодушни?
Ако Црквата не говори – за да не дојде во судир со државата, ако митрополити не говорат за да останат со сите во добри односи, зашто им помагаат во издршката на многу институции, а, Светогорците пак, ако не говорат за да не им ја укине државата помошта, КОЈ ТОГАШ ЌЕ ПРОГОВОРИ?
Старец ПАЈСИЈ Светогорец
текст од книгата “Чувајте ја душата”
Превод: Мина Даниловска