Постојат, главно, четири вида на суеверие:
суеверие кое се манифестира внатре во црквите (отворање на вратата од црквата, курбан, палење на точно одреден број на свеќи, начинот на оставање парички на иконите,
оставање на други предмети или делови од облека да „постојат“ во црквата и други чинења и нечинења – најчесто при венчавките итн.);
суеверие кое се манифестира преку одење кај бајачи (гатачи, гледачи, оџи итн.);
суеверие кое се манифестира преку народните обичаи и суеверие во хороскопи и во одлучувачкото влијание на ѕвездите.
Најлошо од сите суеверија е она кое се изразува со одење кај бајачи и слични, најподмолно е она кое се изразува и шири преку народните обичаи, најсоблазнителни се хороскопите, а најглупаво е она кое се практикува во црквите, особено ако тоа се случува пред очите или со знаење и помош на неуки свештеници, или во соработка (додуша ретко) меѓу бајачи и такви свештеници.