Свети Отци Војната се праќа заради гревовите…Свети Силуан Атонски 11/05/2021 0 608 Царевите и владетелите на народите, да ја знаат љубовта Божја, никогаш нема да војуваат. Војната се праќа заради гревовите, а не заради љубовта. Господ нè создаде од љубов и ни заповеда да живееме во љубов и да Го славиме Него. Ако старешините ги чуваат заповедите Господови, а народот и потчинетите ги слушаат во смирение, тогаш на земјата ќе има голем мир и веселие. Но, заради властољубието и непослушанието на горделивите, страда целата вселена. Те молам, Милостив Господи, дај му на сиот народ од Адама до крајот на вековите, да Те познае Тебе, дека Ти Си благ и милостив. Дај им на сите народи да се насладуваат од Твојот мир, и да ја гледаат Светлината на Твоето Лице. Твојот тивок и кроток поглед ја привлекува душата. Тој што во себеси го носи мирот на Светиот Дух, го излева мирот и на другите. А оној што во себе го носи злиот дух, тој го излева злото и на другите. Свети Силуан Атонски