Ништо не смее да ја замени нашата грижа за децата за нивното воспитување и Господовата наука.

Да ги учиме од почетокот на вистинската мудрост, зашто со тоа ќе стекнат многу  поголема слава и богатство, отколку ако ги опкружиме со изобилие.

Не трудете се да го опкружите детето со со славата на овој свет, туку учете го како да ја познава вистинската мудрост, со тоа ќе се прослави…

Тоа што му е навистина потребно на децата е примерен живот , а не – празно зборување,

благородност – а не, мудрување;

дела – а не зборови.

Овие нешта ќе му го осигураат Царството небесно и стотици Божји благослови.

Доброто воспитување не се состои од тоа првин да дозволиме да се развијат пороците, а потоа да се трудиме да ги отстраниме.

Треба да се преземат сите мерки нашата природа да ја направиме непристапна за пороците…

Ако си го воспитал добро својот син , а тој својот, а овој пак, својот, тоа е како низа добри животи со почеток и корен во тебе, кои ти ги носат плодовите од твојата грижа за потомците.

Ако децата што си ги родил од тебе ги добијат потребните поуки и со твоја грижа бидат одгоени во добродетелта, ќе си поставиш темел и почеток на твоето спасение.

За тоа, освен награда за сопствните добри дела ќе добиеш и голема награда за нивното воспитување.

Свети Јован Златоуст

Претходна статијаПомилуј и помилуј…!
Следна статијаСтарец Харалампиј – ЗА РАЗВОДОТ