Денес си спомнуваме на Свети Кирил архиеп. Александриски,
близок сродник на Теофил, патријархот Александриски, после чија смрт бил посветен за патријарх.
Три лути борби водел тој во животот свој:
со еретиците Новацијани, со еретикот Несториј и со Евреите во Александрија.
Новацијаните се појавија во Рим , а така биле наречени по презвитер Новацијан – ересоначалникот.
Тие се гордеале со својата добродетел, оделе облечени во бели облеки, го забранувале повторниот брак и држеле до тоа дека не треба да има молитва за оние кои што ќе направат смртен грев, ниту да се примаат назад во Црквата оние кои што еднаш отпаднале од црквата, па колку тие и горко да се покајале.
Кирил ги победи и ги истера од Александрија заедно со нивниот епископ.
Со Евреите, пак, борбата беше многу потешка и покрвава. Евреите се осилиле во Александрија уште на почетокот кога Александар Велики го основал тој град.
Бесна била нивната омраза спрема христијаните; ги убивале, мачеле, труеле, на крст ги распнувале.
После тешката и долга борба Кирил успеал кај царот Теодосие – Помладиот, евреите да се протераат од Александрија.
Неговата пак борба против Несториј, патријархот цариградски го разрешил третиот Вселенски Собор во Ефес.
На тој собор пртседаваше токму Кирил, застапувајќи го во исто време и Римскиoт папа Целестина по негова молба, зашто заради староста не можел да дојде на Соборот.
Несториј бил осуден и анатемисан и од царот, прогонет на Источната граница на царството каде што и умрел со ужасна смрт, зашто црвите му го разјадувале јазикот, оној јазик со кој што ја хулеше Пресвета Богородица, нарекувајќи ја Христородица!
После завршената борба Кирил во мир проживеал и ревносно го пасел стадото Христово.
На Господа Му сe претставил 444 година.
Се говори дека токму тој ја составил „Богородице Дево радувај се“!
Преведе Мина Даниловска
Извор ОХРИДСКИ ПРОЛОГ (Епископ Николај)