Старче, помислата ми вели дека ѓаволот, особено во наше време, има голема моќ.

Ѓаволот има омраза и зло, а не моќ.

Божјата љубов е семоќна. Сатаната се обидува да се покаже како семоќен, но не e многу убедлив во тоа.

Делува силно, но целосно е немоќен. Многу негови уништувачки планови пропаѓаат пред да почнат да се остваруваат. Дали некогаш некој добар татко би допуштил „мангупи” да ги тепаат неговите деца.

Старче, јас се плашам од ѓаволот.

Од што се плашиш? Ѓаволчињата немаат никаква моќ.

Христос е семоќен. Искушувачот е гнил.

He носиш ли крст? Оружјата на ѓаволот се немоќни. Нашиот Христос нѐ наоружа co Својот крст.

Непријателот има сила само тогаш кога ќе ги оставиме духовните оружја. Еден свештеник му го покажал крстето на некој бајач и демонот што тој го повикувал преку своите магии почнал да се тресе.

Зошто ѓаволот толку се плаши од крстот?

Затоа што кога Христос доброволно ги примил плукањето, шлаканиците и камшикувањето, тогаш паднале царството и власта на ѓаволот. Христос победи!

Co трската се урна царството на ѓаволот, рече еден светител. Односно, кога му го нанесле последниот удар co трска пo главата, се урнала власта на ѓаволот.

Трпението е духовна одбрана, а смирението најголемо оружје против ѓаволот.

Најголемиот мелем на Христовата крстна жртва е тоа што ѓаволот е срушен. После Христовото воскресение, станал како змија на која и’ е изваден отровот или како куче на кое му се извадени забите.

Изваден е отровот на ѓаволот, извадени му се забите на кучето, демонот и сега се ненаоружани. Ништо, ништо не можат да му направат демоните на Божјото создание, кога тоа не им дава право на тоа. Само прават метеж; немаат власт.

Еднаш, во ќелијата посветена на Чесниот крст, имав многу убаво бдение! На таванот се собраа многу демони.

Bo почетокот силно удираа co големи чекани, потоа правеа бучава, како да тркалаа големи трупци. Го обележував таванот co знакот на чесниот крст и пеев ‘На Твојот крст му се поклонуваме, Владико…’ Кога ќе завршев, трупците повторно започнуваа.

„Сега”,- реков, – „ќе направиме две певници. Една вие co трупците, одозгора, и една јас одоздола!”

Кога почнував јас, тие престануваа.

Еднаш пеев „На Твојот крст му се поклонуваме, Владико…”, а потоа „Господи, Својот крст си ни го дал како оружје против ѓаволот…” Така поминав една пријатна ноќ co пеење на псалми. Ако за момент престанев, тие продолжуваа co својата забава! Секогаш имаат нешто друго на програмата!

Кога првпат запеавте, не си заминаа?

He. Кога завршував јас, тие почнуваа. Да, двете певници требаше до крај да го отслужат бдението! Тоа беше едно прекрасно бдение!

Пеев си болка во душата; бев трогнат” Поминаа тие убави денови!..

Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од старец Пајсиј Светогорец

Претходна статијаЃАВОЛОТ HE МУ СЕ ПРИБЛИЖУВА НА ЧИСТОТО БОЖЈО СОЗДАНИЕ!
Следна статијаГи познава ли лукавиот нашите добри помисли?