ДУХОВЕН РЕЦЕПТ HA СВЕТИ ИГНАТИЈ (БРЈАНЧАНИНОВ)
Ви праќам еден духовен рецепт и ве советувам да го употребувате понуденово лекарство неколкупати на ден, особено во мигови на засилени страдања и душевни и телесни.
Нема да помине многу време пред да се откријат силата и исцелителноста што се кријат во лекарството кое пo надворешноста своја е најсмиреното.
Осамете се и бавно изговорете (тивко колку само вие да може да се слушнете), заклучувајќи го умот во следниве зборови (вака советува преподобен Јован Лествичник):
„Слава Тебе, Боже мој, за испратената мака;
заслуженото според делата мои го примам:
Спомни ме во Царството Твое!”
Молитвата треба да се изговара полека.
Кога ќе ја кажете еднаш, малку одморете. Потоа пак кажете ја и пак одморете.
Продолжете така да се молите пет или десет минути, додека не ја почувствувате душата смирена и утешена.
Причината за тоа е јасна: благодатта и силата Божја се состојат во славословието кон Бог, a не во красноречивоста и многусловието.
Славословието и благодарноста се дејства на кои не’ поучува Самиот Бог – никако не се човечка измислица.
Апостолот ова ни го заповеда од името на Бог (види 1. Сол. 5, 18).