Ништо не е поболно од тоа, некој да има љубов Христова во овој свет. Тоа е борба co вселенски размери.

59.

Како да чекориме кон Бога?

Кога се стремиме кон оваа единствена цел, се’ друго станува извор на страданија и болка. Сепак, го носиме овој крст молчејќи.

60.

Еве го парадоксот на христијанскиот живот: бирајќи ги страданијата Христови заради спасение на светот, ние сме поблизу до Hero и до вечниот живот.

61.

Кога ќе решиме да Го следиме Христа, секој ден од нашиот живот станува ден на страданија, на солзи и на болка. Од време на време се раѓа прашањето:

Господи, зошто не создаде вака, та мора да поминеме низ толку страданија?

Немоќни сме да сфатиме дека овој горчлив опит е патот на спасението.

62.

Постоењето на земјата за човека е болка без крај.

Зошто го поднесуваме сето ова?

Затоа што Создателот дојде и се насели меѓу нас.

И сега, Го познаваме лично!

Пренесено од книгата “За духот и животот” од старец Софрониј (Сахаров)

Претходна статијаПрашања до свештеникот (Верник сум со комплетен православен литургиски живот. Ама тој е католик…
Следна статијаДепресија кај адолесценти – Крик на детската душа! (Православен поглед!)