Свети Нектариј Егински

За ова и еден друг Отец вели:

„Што е потешко и поштетно од гревот, а и обратно, што е полесно и покорисно од добродетелта?

Имено, гревот, како што е напишано во Мудрите Соломонови изреки, многумина ранува и ги обременува co товар и секого го стегаат веригите на сопствените гревови.

Оние, пак, што ја усвојуваат добродетелта, таа ги оживува и ги воздига во висините, според зборовите Соломонови: таа им е дрво на животот на сите коишто за неа се држат.”

Гревот ја нарушува Божествената убавина на иконата и на душата и на телото и ја нагрдува и грози затоа што, како што вели Св. Василиј Велики:

„Како што сенките ги следат своите тела, така и гревовите ja следат душата, јасно одразувајќи какви и’ се делата.”

Гревот го оддалечува ангелот чувар на душата и телото и ги предава душата и телото на тиранијата на нечестивиот затоа што, како што повторно вели Св. Василиј:

„Како што чадот ги брка пчелите и смрдеата ги изгонува гулабиците така и ангелот, чуварот на нашиот живот, го оддалечува смрдежниот и за многу солзи достоен грев.”

Гревот ослободува од секое стеснување и од оние што грешат прави бесрамници заради затемнетоста на нивниот ум. За бесрамноста што доаѓа од гревот Св. Јован Златоуст вели:

„Додека гревот се раѓа се’ уште постои извесен срам, но кога ќе се изврши, тогаш од оние што го творат прави бесрамници.”

„Гревот, вели еден Отец, станал причина за отпаѓањето од Бога, a смирението е средство за враќање кон Бога.

Смирението воздигнува и вознесува, додека гревот понижува и урива. Смирението одведува до небесата, а гревот во длабочините на адот”.

И уште: „Ако гревот е добар, чувај го до крајот.

А ако ти штети тебе којшто го правиш, зошто истрајуваш во погубното?

Никој што сака да ја исплука жолчката од лошото и незауздано јадење, не ја умножува co додатно јадење”.

И Св. Марко:

„Гревот е жив оган и колку повеќе ќе се приближиш, толку повеќе те изгорува. Гревот е како пречка којашто спречува во нас да се појави благонаклонста кон Бога”.

„Платата за гревот се геенските маки и жалости. Затоа одбегнувај го гревот како погледот на змијата; ако му пристапиш, ќе те зграби.

Забите на гревот се лавовски заби што ги погубуваат човечките души.”

Св. Јован Златоуст за гревот вели дека е нечистотија на душата:

„Оти подобро е co кал да се извалкаш отколку co гревови. Токму како што црвот од дрвото се paѓa и го изедува дрвото и како што молецот ја изедува волната од којашто се испилил, така и тагата и смртта се родиле од гревот и го погубиле гревот”.

И уште: „Гревот е двоостар меч.”

 

Свети Нектариј Егински

 

Претходна статијаЈА ЗАМРАЗУВАМ ЛАГАТА И СЕ ГАДАМ ОД НЕА! (НЕВИДЛИВА БОРБА од Свети Никодим Агиорит)
Следна статијаСтарец Порфириј и неговата прозорливост !