По 11-та катизма,
Трисвето. Потоа тропарите, глас 7-ми:
Душо моја, имајќи го лекот на покајанието, пристапи co солзи, извикувајќи co воздишка:
Човекољубив лекару на душите и телата, ослободи ме од мноштвото гревови; присоедини ме co блудницата и разбојникот и цариникот; и дај ми, Боже, прошка на моите беззаконија, и спаси ме.
Слава:
Немам ревност како покајнието на цариникот и немам солзи како блудницата; зашто поради моето слепило, не го разбирам таквото покајание, но преку Твоето благоутробие спаси ме, Христе Боже, како Човекољубец.
И сега: Богородице Дево неосквернета, co ангелите моли Го твојот Син да ни дарува пред крајот прошка на гревовите и голема милост.
Господи помилуј, 40 пати и молитвата:
Човекољубив Владико, запали ја во нашите срца нетлената светлина на Твоето богопознание, и отвори ги очите на нашиот ум за разбирање на Твоите евангелски пораки;
всади во нас и страв од Твоите блажени заповеди, та откако ќе ги згазиме сите телесни похоти, да поминеме духовен живот, размислувајки и правејќи се’ што е угодно пред Тебе.
Зашто Ти се просветлување на нашите души и тела, Христе Боже, и Тебе слава Ти вознесуваме, co беспочетниот Твој Отец, и co сесветиот, благ и животворен Твој Дух, сега и секогаш и во вечни векови.
Амин.
Пренесено од книгата “Псалтир”