
`Битно е да запамeтиме дека: колку повеќе преку исполнување на заповедите Го познаваме Бог, а главната од нив е љубовта кон ближниот, толку попрецизно и посилно преку молитвата ја насочуваме енергијата на нашиот ум кон Бог.
И обратно: колку повеќе ја
преобразуваме
енергијата на нашиот ум преку заедница со несоздадената Божествена енергија, толку повеќе ќе имаме сила да ги исполнуваме заповедите Божји за љубов – во пракса, и толку повеќе ќе бидеме ослободени од гревовното влијание на светот врз нас.
Едната без другата заповед е невозможно да се исполнат.`