Молитва кон свети Архангел Михаил


Целиот си оган и ревност, свети Архангеле Михаиле, затоа ти се молиме:

нашите заспани души запали ги со огнот на твојата ревност,

та секогаш да Му служиме на нашиот заеднички Господ, сесрдно да те подражаваме тебе, безгрешниот и свет брат наш и врховен војсководач на сите небесни и земни војски Христови.

Пречудниот Господ Исус Христос устроил една црква од англеи и луѓе, та и ние луѓето кои таинствено претставуваме херувими на земјата, да ги подражаваме нашите небесни браќа на чие чело стоиш ти, лачезарен и боженствен архистратиже Михаиле.

Ти на небото го победи селошиот сатана и го фрли од небото на дното во пеколот – помагај ни и нам секогаш, ти се молиме, сесилен Архангеле, та и ние со сепобедната сила да го победуваме селукавиот сатана, кој нѐ напаѓа од сите страни, и нѐ искушува преку безбожни луѓе, преку нечисти мисли, преку земни наслади и преку опивните страсти.

Сиот си свет, чист и безгрешен, божествен првоангеле Божји; ти се молиме – сесвети; ти се молиме – сечисти;
ти се молиме – себезгрешни, учи нѐ дење и ноќе како да живееме свето, чисто и безгрижно;
дарувај ни ги твоите херувимски сили за да живееме вистински херувимски на земјата и ние, кои според неизмерливото Божјо човеркољубие, претставуваме херувими на земјата.

 

….

Навистина бестелесен и асполутно нематеријален е само Бог. На луѓето, како што вели свети Василиј, секогаш им се јавуваат во облик на своите тела, иако, како што вели свети Јован Дамаскин, не онакви какви што се, во целосниот и застрашувачки сјај, туку во сјај што е приспособен на нас.

Ито така, можат да земаат облик каков што Бог ќе им заповеда, на пр; на човек, или на облак, или на огнен/светлоносен столб
Но, некои Отци посебно нагласуваат дека ангелите и сите создадени духови во својот сопствен облик имаат човечки лик.

Тие нè застапуваат пред Бога, молејќи се за нас и со нас, а ни ги донесуваат Божјите дарови. Според схемата на деветте ангелски чинови на земјата постои соборностната Православна Црква.