Свето евангелие според светиот апостол Матеј

22:35-46

35. И еден од нив, законик, искушувајќи Го, запраша и рече:

36. Учителе, која заповед е најголема во Законот?

37. А Исус му одговори: „Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум;

38. тоа е прва и најголема заповед;

39. а втората е слична на неа: Возљуби го својот ближен како себеси!

40. На тие две заповеди се крепат целиот Закон и Пророците.”

41. И кога се собраа фарисеите, Исус ги праша и рече:

42. Што мислите за Христа? Чиј е син? Му одговорија: Давидов.

43. Им рече: „Како тогаш Давид, надахнат од Духот, Го нарече Господ, велејќи:

44. »Му рече Господ на Мојот Господ: Седи од Мојата десна страна, додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.«

45. И така, ако Давид Го нарече Господ, како тогаш да Му е Он син?”

46. И никој не можеше да му одговори ниту збор, и од тој ден никој веќе не се осмели да Го праша.

`Битно е да запамeтиме дека: колку повеќе преку исполнување на заповедите Го познаваме Бог, а главната од нив е љубовта кон ближниот, толку попрецизно и посилно преку молитвата ја насочуваме енергијата на нашиот ум кон Бог.

И обратно: колку повеќе ја преобразуваме енергијата на нашиот ум преку заедница со несоздадената Божествена енергија, толку повеќе ќе имаме сила да ги исполнуваме заповедите Божји за љубов – во пракса, и толку повеќе ќе бидеме ослободени од гревовното влијание на светот врз нас.

Едната без другата заповед е невозможно да се исполнат.`