Совршени се тие кои co силата на името на Господа Исуса Христа освен себе спасија и многу други.
А спасени се и тие што успеаја одвај самите себе да се спасат.
„Во домот на Mojoт Отец има многу места за живеење”, рекол самиот Господ (Јован 14, 2).
А да не е така, зар тоа Тој би го рекол? Тој тоа и при оваа пригода го кажува, само на друг начин. Во царството не се сите еднакви, една е славата на тие кои се само влезени во царството, а друга е славата на тие кои се совршени во царството.
Ho најпрвин да се навратиме на условите за влегување во царството, па подоцна ќе слушнеме, повторно од устата на Вистината, за условите на совршенството.
Значи, кои се условите за влегување во царството, односно во вечниот живот?
Да се исполнуваат заповедите. Кои заповеди?
Сите. Прво тие што забрануваат зло да се прави, па потоа тие што наредуваат добро да се прави, според зборовите на пророкот: