Свети Кирил, архиепископ Александриски

 

По потекло благородник и близок роднина на Теофил, патријархот Александриски, по чијашто смрт самиот беше посветен за патријарх.

За време на својот живот водеше три лути борби: со еретиците новацијани, со еретикот Несториј и со Евреите во Александрија.

Новацијаните настанаа во Рим, а така се наречени по презвитерот Новацијан, нивниот ересоначалник. Се гордееја со својата добродетел, одеа облечени во бела облека, им забрануваа на другите брак и сметаа дека никој не треба да се моли за оние што извршиле смртен грев ниту да се прими назад во Црквата оној којшто еднаш отпаднал, колку и горко да се кае. Кирил нив ги победи и ги протера од Александрија, нив и нивниот епископ.

Борбата со Евреите беше многу потешка и покрвава. Евреите се имаа засилено во Александрија уште од времето кога Александар Велики го основа тој град.

Нивната омраза кон христијаните беше бесна и подмолна. Тие ги убиваа христијаните безмилосно и подло, ги труеја, ги распнуваа на крст.

По долга и тешка борба Кирил издејствува кај Царот Теодосиј Помладиот да се протераат Евреите од Александрија.

Неговата борба против Несториј, патријархот Цариградски, ја реши Третиот Вселенски Собор во Ефес. Со тој Собор претседаваше самиот Кирил, истовремено застапувајќи го и Римскиот папа Целестин, на негова молба, бидејќи тој од старост не можеше да дојде на Соборот.

Несториј беше осуден, анатемисан и од царот прогонет на источната граница на царството, каде што и умре со ужасна смрт (зашто црви му го разјадуваа јазикот со којшто Ја хулеше Пресвета Богородица, нарекувајќи Ја Христородица).

Откако заврши борбата, Кирил поживеа во мир и ревносно го пасеше стадото Христово.

Се престави кај Господ во 444 година.

Се вели дека тој ја составил „Богородице Дево, радувај се!

 

РАСУДУВАЊE

Ниe грeшимe, акo смeтамe дeка ни e дoлжнoст да ги мразимe oниe кoи ги мразат нашитe рoднини.

Таа oмраза прeминува на нас какo нeкoја сeмeјна бoлeст.
Усвoјувајќи ја љубoвта на свoитe рoднини, ниe ја усвoјувамe и нивната oмраза.

На таа слабoст пoнeкoгаш пoтклeкнувалe и нeкoи гoлeми духoвници.

Патријархoт Тeoфил никакo нe гo сакал св. Јoвана
Златoуст и дo смртта oстанал нeгoв oгoрчeн прoтивник.

Свeти Кирил, нeгoв рoднина и наслeдник на прeстoлoт алeксандриски, ја примил таа oмраза прoтив Златoустиoт свeтитeл и дoлгo ја нoсeл вo сeбe.

Залуднo гo сoвeтувал св. Исидoр Пeлусиoт да гo прoмeни свoeтo мислeњe за Златoуст и да гo запишe вo диптихoт на свeтитe: Кирил нe мoжeл да ја прoмeни свoјата лoша вoлја.

Тoгаш Прeсвeта Бoгoрoдица, за чија слава и чeст тoлку сe бoрeл Кирил прoтив Нeстoриј, му сe јавила на Кирил вo eдна визија сo мнoштвo ангeли и сo Јoван Златoуст вo гoлeма слава.

И Свeтата Прeчиста гo замoлила Златoуста да му oпрoсти на Кирила, и тиe сe прeгрналe и сe цeливалe eдeн другиoт.

Таа визија пoтпoлнo гo прoмeнила чувствoтo на Кирила
кoн Златoуст и Кирил сo срам сe каeл штo oнака нeразумнo гo мразeл дoтoгаш.

Затoа сè дo смртта правeл сè за да гo прoслави штo пoвeќe Златoуста какo гoлeм Бoжји свeтитeл.

Тропар глас 8.

На православието наставнику, на побожноста и на чистотата учителу, на вселената светилнику, на архиереите боговдахновен украсу, Кириле премудри, со твоите учења си ги просветил сите! Духовен кавалу, моли Го Христа Бога, да ги спаси душите наши.

Кондак, глас 6.

Блажени Кириле, ти си ни излеал бездна од богословски учења од изворите на Спасителот, кои ги потопуваат ересите, и го спасуваат стадото неповредено од брановите, бидејќи се покажа јасно како наставник на сите, преподобен.

Седален, глас 3.

Откако стана столб и жртва на Црквата Христова, отче, премудро си ја сочувал безбедна од искушенијата на лукавиот, зашто си го разорил сето Несторијево злодејство, и си ја проповедал Богородица како Божја мајка. Затоа, собрани, те почитуваме, Кириле богоблажени.

Слава, и сега, богородичен.

Како лоза неорана, Дево, си Го израснала најубавиот Грозд, од Когошто ни истекува виното на спасението, кое ги весели душите и телата на сите. Затоа, славејќи те постојано како причина на добрата, ти викаме со ангелите:

Радувај се, благодатна.

Подготви Светланка Трајчева