Исправање на искривениот живот

Припомнете си колку личности и ќивоти згрбавени од алкохолизмот и дрогите ги исправила моќта на живиот Христос.

Припомнете си на животот на св. Петар згрбавен од тројно одрекување од Учителот, исправен од Исуса до толку што можел да стане голем апостол на верата кој рекол: „Господи, знаеш колку те љубам“.

Припомнете си на жената од улицата која била згрбавена под големиот товар на вината.

Таа ги миела нозете на Учителот со своите солзи и ги бришела со својата коса. Кога станала била нова личност затоа што Великиот Лекар ѝ простил и го исправил нејзиниот искривен живот.

Припомнете си на разбојникот распнат до Христа – неговиот живот бил потполно згрбавен од гревот. Пред да умре, со последниот здив кажал молитва:

„Господи, спомни си за мене“.

Одеднаш големата љубов Божја се влеала во неговото срце и го чул ветувањето: „Ќе бидеш со мене во царството небесно“.

(Извадок – Бигорски манастир)

Свето евангелие според светиот апостол Лука

13:10-17

10. Во една од синагогите поучуваше Он во сабота.

11. И ете, дојде една жена која беше опседната од дух на немоќта осумнаесет години; таа беше згрбавена и никако не можеше да се исправи;

12. штом ја виде Исус, ја повика и ? рече: „Жено, се ослободуваш од болеста своја.”

13. И ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бога.

14. А старешината на синагогата, негодувајќи што ја излекува Исус во сабота, одговори и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи; тогаш доаѓајте и лекувајте се, а не во саботен ден!”

15. Но Господ му одговори и рече: „Лицемере, не го одврзува ли секој од вас својот вол, или осле, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои?

16. А оваа ќерка Авраамова, што ја врзал сатаната еве веќе осумнаесет години, не требаше ли да се ослободи од тие врски во саботен ден?”

17. И кога го зборуваше ова, сите што беа против Него се засрамија; а целиот народ се радуваше за сите славни дела, извршени од Него.

Свети Никола, моли Го Бога за нас !!!

ДА НЕ ЗНАЕ ТВОЈАТА ЛЕВА РАКА, ШТО ПРАВИ ТВОЈАТА ДЕСНА РАКА…

Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мириклиски.

Овој славен светител, денес се чествува низ целиот свет.
Син единец на богати и угледни родители, Теофан и Нона, жители на градот Патара во Ликија.

Бидејќи им беше син единец даруван од Бога, тие Му го посветија на Бога, принесувајќи Му така дар. Знаењето за духовниот живот Свети Николај го стекна од својот чичко Николај, епископ Патарски, основач на манастирот ,,Новиот Сион”, каде што подоцна, во истиот тој манастир, Николај го прими монашкиот постриг.

По смртта на радителите Николај го раздаде наследениот имот на сиромасите не задржувајќи ништо за себе. Додека беше свештеник во Патара, многу се прочу со делата на своите милостињи, кои грижливо ги криеше за да го исполни зборот Господов

,, Да незнае твојата лева рака што прави твојата десна рака” (Матеј 6,3).

Кога се предаде на самотност и на безмолвие, мислејќи така да поживее до смртта, му дојде глас одозгора
,,Појди на подвиг меѓу народот, ако сакаш да бидеш од Мене овенчан”.

Веднаш потоа според чудесната Божја Промисла беше избран за епископ на градот Мир во Ликија. Милостлив, мудар, неустрашлив, Свети Николај се покажа како вистински добар пастир на своето стадо.

За време на гонењето на христијаните од Диоклицијан и Максимијан го фрлија во затвор , но тој и во затворот ги поучуваше луѓето на законот Божји.

Присуствуваше на првиот вселенски собор во Никеја и од голема ревност кон вистината го удри еретикот Ариј. За ова дело беше отстранет од Соборот и од архиерејската служба, се додека на неколкумина од архиереите на Соборот не им се јавија Самиот Господ Исус Христос и Пресветата Владичица, објавувајќи им го своето благоволие за Николај.

Како чувар на Божествената вистина, овој чудесен Божји светител беше и одважен заштитник на правдата меѓу луѓето.

На двапати спаси по тројца луѓе од незаслужена смрттна казна. Милостлив, вистинољубив и праведен одеше меѓу луѓето небаре ангел Божји.

Уште за време на животот луѓето го сметаа за светител и го повикуваа на помош во маки и невољи.

Од неговото лице блескаше светлина како од лицето Мојсеево, а со самата појава на луѓето им носеше утеха, мир и добра воља.

На старост се разболе, многустрадален и многуплоден, така се упокои во Господа, за вечно да се весели во Небесното Царство продолжувајќи да твори чуда на земјата.

Се упокои на 06. Декември 343 година.

Свети Никола, моли Го Бога за нас !!!